15:33 - 29 ноември, 2026

Руска инфлуенсерка ќе се венча со својот посвоен син: Го запознала кога имал 7 години!

Руската инфлуенсерка Марина Балмашева (35) на пошироката јавност ѝ стана позната поради начинот на слабеење и на обликување на телото што го споделуваше на Инстаграм. Но Марина повеќе не е актуелна со слабеењето, туку поради нешто сосема друго.

Instagram

Таа објави дека наскоро ќе му стане сопруга на својот посвоен син, кого го запознала кога тој имал само седум години, односно кога стапила во брак со неговиот татко и му станала маќеа.

Марина била во брак со Алексеј (45) 13 години, а потоа се развеле и таа почнала љубовна врска со синот на својот тогашен сопруг, Владимир (20).

Instagram

Сега, и покрај многубројните негодувања, тие сакаат својата љубов да ја крунисаат со брак.

– Воопшто не се чувствувам старо. Поради него се чувствувам многу младо и сме среќна двојка – рекла Марина, која објаснила дека според неа 15 години воопшто не се некоја голема разлика.

Instagram

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....