22:12 - 22 декември, 2024

Првпат во историјата Италијански „Вог“ со бела насловна: Белата боја не е предавање, туку празен лист што чека да биде испишан

Италијанското издание на магазинот „Вог“ излегува на 10 април, а неговата насловна е повеќе од симболична. Наместо некоја манекенка или актерка која инаку ги краси насловните страници на овој магазин, уредниците се определиле за бела, речиси целосно празна насловна.

Освен името на магазинот и месецот во кој е објавен, на насловната страница нема апсолутно ништо. – Во својата долга историја што се протега повеќе од 100 години, „Вог“ помина низ војни, кризи, терористички напади. Неговата благородна традиција е никогаш да не гледа на другата страна. Пред помалку од две недели требаше да го печатиме изданието што го планиравме извесно време. Но, сега да се зборува за што било друго, додека луѓето умираат, а лекарите и медицинските сестри ги ризикуваат своите животи и светот се менува засекогаш, не е во ДНК на „Вог Италија“. Одлуката првпат во нашата историја да испечатиме потполно бела насловна не е затоа што недостасуваа фотографии – токму спротивното. Ја избравме, бидејќи белата боја симболизира многу работи истовремено – порачала редакцијата предводена од главниот и одговорен уредник Емануеле Фарнети.

Оттаму, исто така, објасниле и што за нив значи белата боја.

– Белото е, пред сѐ, почитување. Белата боја е повторното раѓање, светлина по темнината, збирот на сите бои. Белото е бојата на униформата што ја носат оние што ги ставаат своите животи на првата линија за да ги спасат нашите. Тоа претставува простор и време за размислување, како и за молчење. Белото е за оние што ова празно време и простор го исполнуваат со идеи, размислувања, приказни, стихови, музика и грижа за другите. Белата боја нѐ потсетува на времињата по кризата во 1929 година, кога оваа беспрекорна боја преовладуваше на облеката како израз на чистота во сегашноста и надежта во иднината. И пред сè, белата боја не е предавање, туку празен лист што чека да биде испишан, насловна страница на нова приказна што штотуку треба да почне – додале од „Вог“.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....