7.8 C
Скопје
02:03 - 20 април, 2024

Првата холивудска диета ја измислила Џоан Крафорд за себе, но сите ја „држеле“: Еве како изгледала

Ако мислевте дека само модерните глумици внимаваат на својата витка става, грешите. Холивудските глумици отсекогаш биле преокупирани со диетите, а прв „фанатик“ за супервиток изглед била Џоан Крафорд.

Холивудската дива Џоан Крафорд ја измислила првата холивудска диета која стана хит меѓу генереациите кои ја имитираа. Диетата што ја држела Крафорд предвидувала внес од само 305 калории на ден!

Секојдневно слушаме за нови холивудски диети кои стануваат хит меѓу „обичните“ девојки се додека не се појави следната супердиета исфорсирана од некоја позната глумица. Но, дека станува збор за многу стар тренд кој датира од самиот почеток на Холивуд покажува списанието од 1929 година.

Во американското списание „Фотоплеј“ отпечатено пред 84 години објавен е напис кој ја критикува бизарната диета на прочуената глумица Џоан Крафорд која претставувала пример за мени на цели генерации млади девојки. Всушност, Џоан Крафорд е „мајката“ на првата холивдуска диета, а еве како таа изгледала.

За појадок Крафорд внесувала нула калории, односно само чаша топла вода.

Ручекот предвидувал: 8 лажици бистра супа (13 калории), 2 солени крекери (100 калории) и половина домат (25 калории).

Вечера: околу 30 грама немасно сирење (50 калории), 2 кришки ананас (50 калории) и чаша млеко (67 калории).

За ужина диетата дозволувала максимум едно тврдо варено јајце (100 калории) и/или варен спанаќ (100 калории).

Вкупното дневно мени на Џоан Крафорд не го надминувало внесот на 305 калории, односно доколку се земат и ужините – 505 калории дневно.

Оваа екстремно-ригорозна диета била многу популарна меѓу девојките и жените кои сакале да личат на филмската дива Џоан Крафорд.

Во написот од 1929 година, познатата докторка Х.Б.К Вилс остро го критикувала диетниот режим на глумицата, сметајќи го за крајно нездрав, и предложила модифицирана здрава верзија на истата, внесувајќи дузина други здрави намирници за појадок, ручек и вечера, достигнувајќи внес од 1.552 калории дневно.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....