5.8 C
Скопје
01:51 - 26 април, 2024

Постојано ви е ладно? Тоа може да биде сериозен симптом!

Доколку ви е ладно бидејќи температурата за само еден ден паднала до -10 степени Целзиусови, тогаш тоа е сосема во ред, но ако вие се тресете од студ, додека на сите околу вас им е пријатно, во тој случај тоа може да биде знак дека се соочувате со одредени здравствени проблеми.
За жените е вообичаено да им е поладно, за што делумно е виновна и психологијата и поголемата чувствителност кон условите кои можат да придонесат за чувство на студ, објаснува докторката Холи Филипс.

Сепак, постојат и други фактори поради кои може постојано да ви е ладно, без посебна причина за тоа.

Во продолжение прочитајте што овој симптом може да значи:

Нарушување на работата на тироидната жлезда

-Ако постојано ви е ладно, тогаш тоа може да значи дека вашата тироидна жлезда не лачи доволно хормони – објаснува докторката Филипс. Без доволно ниво на овој хормон, се забавува и работата на метаболизмот, односно се спречува „моторот“ на вашето тело да производува доволно количина на адекватна топлина.

Анемија

Ниското ниво на железо во крвта е причина за хронично чувство на студ. Железото е клучен минерал кој им помага на црвените крвни зрнца да пренесуваат кислород во телото, што значи и да носат топлина и други хранливи состојки во секој дел од нашето тело. Без доволно железо, црвените крвни зрнца не можат ефикасно да си ја вршат работата, па вам ви е ладно и почнувате да се тресете.

Лоша циркулација

Ако стапалата и рацете ви се секогаш ладни, а остатокот од телото има нормална температура, тогаш тоа значи дека имате проблеми со крвотокот, а тоа укажува дека поради одредени проблеми крвта не доаѓа до екстремитетите. Причина за ова можат да бидат кардиоваскуларните заболувања, бидејќи овој симптом води кон тоа дека срцето не ја помпа вашата крвта како што треба, или пак постои блокада на артериите, која ја спречува крвта да стигне до вашите прсти.

Недостаток на сон

Недостатокот на сон може да нанесе голема штета на вашиот нервен систем и да предизвика проблеми на вашите механизми за регулација во мозокот, кои влијаат на телесната температура. Не е потполно јасно зошто доаѓа до ова, иако бројни истражувања сугерираат дека поради недостаток на сон се намалува активноста во хипоталамусот, дел од мозокот одговорен и за регулирање на телесната температура.

Рани знаци на дијабетес

Дијабетесот кој не се контролира, може да доведе до ситуација на констатни напади врз нерви кои го регулираат вашето чувство во рацете и нозете, вели гермсанскиот доктор Рохр.
-Кога ова ќе се развие, вие ќе чувствувате болки во рацете и нозете, а бидејќи тие нерви се одговорни и за испраќање на пораки кон вашиот мозок во врска со чувството на температурата, вашете раце и нозе исто така ќе бидат ладни – констатирал овој германски доктор. Ваквата здравствена состојба се развива постепено, па можно е подолг временски период воопшто да не сте свесни за нејзиното постоење.

Недостаток на витамини

Недостатокот на витамин Б12 може да доведе до тоа постојано да чувствувате студ и кога навистина нема потреба за тоа. Овој витамин може да се најде во намирниците со животинско потекло, а навистина е ефикасен за намалувањето на чувството на студ.
-На телото му е потребен витаминот Б12 за да произведува крвни зрнца кои пренесуваат кислород низ нашето тело. Кога имате недостиг од овој витамин, тогаш можете да се соочите со анемија, намалување на бројот на еритроцити, како и зголемено чувство на студ – објаснува доктор Мун.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....