3.8 C
Скопје
23:54 - 10 март, 2026

Пилинг кој ефикасно го елиминира целулитот – Пробајте го веднаш!

Во пресрет на летото, веројатно веќе почнавте да размислувате каде ќе го поминете годишниот одмор, а со тоа и да го подготвувате телото за на плажа.

Секоја дама се соочува со проблемот наречен целулит, но секогаш има решенија за истото доколку сте дисциплинирани, вежбате и барем малку внимавате на исхраната.

Оваа сезона, остранете го целулитот со природен пилинг што се прави за само неколку минути од состојки што сигурно ги имате дома, а се супер ефикасни.

Секако дека не постои ниту еден козметички производ што целосно може да ви помогне наеднаш при отстранувањето на целулитот, но секогаш можете да се обидете или барем да го намалите.

Потребни состојки:

– Една шолја кафе

– ¼ шолја кафеав шеќер

– Малку маслиново масло

Ставете ги кафето и шеќерот во стаклена тегла, додајте го маслиновото масло и добро промешајте. Треба да добиете паста со средна густина, па додавајте масло ако е потребно.

Затворената тегла чувајте ја во бањата за да ви биде на дофат секогаш кога се туширате и да одвоите време за масажа со истата. По користење на пилингот, добро измијте ја кожата со млака вода.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....