22:18 - 6 април, 2026

Новинар стана хит поради неговата реакција кога виде дека кон него доаѓа стадо бизони (ВИДЕО)

Новинар на телевизија во Монтана стана хит на Твитер поради реакцијата кога виде дека кон него доаѓа стадо на бизони.

Дион Брокстон од филијалата на CNN, KTVM, известуваше од Националниот пар „Yellowston“ кога наеднаш забележа дека кон него доаѓа стадо бизони. Паркот е затворен поради пандемијата на коронавирусот, а тој токму на оваа тема правеше репортажа.

Брокстон снимаше, а видеото од својата средба со бизоните го објави на Твитер. Бизоните на видеото не се гледаат, но реакцијата на новинарот ќе ви каже се. Тој набрзина се сокри во гепекот од колата.

Подоцна кога бизоните се дистанцирале излегол и ги снимил, тие навистина се огромни.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....