9.8 C
Скопје
13:18 - 24 ноември, 2024

Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест: Француски цитати кои погодуваат во самата суштина на животот!

Овие мудри зборови за животот, љубовта и среќата не учат на она што навистина е важно за животот… уживајте во нив, можеби ќе ви ги отворат видиците на поинаков начин.

Цената брзо се заборава, а квалитетот е она што останува.

На оној кој умее да чека, со тек на време се му доаѓа.

Се ќе помине и пројде освен добрата кои си ги направил.

Ден без вино, ден без сонце.

Малите потоци прават голема река.

Празните буриња најмногу се слушаат.

Тројца можат да задржат една тајна, само доколку двјцата од нив се мртви.

Утринскиот дожд не го запира работникот.

Бог често не посетува, но ние најчесто не сме дома.

Мисли што сакаш, говори што мораш.

Чуда им се случуваат само на оние кои во нив веруваат.

Минатото е најдобар пророк за иднината.

Доколку не можеш да гризаш, не ги покажувај забите.

Целата човекова мудрост ќе се сумира во два збора: чекај и надевај се.

Не постои толку мека перница како што е мирната и чиста совест.

Ах, кога младоста би знаела, а кога староста би можела.

Парите се голема работа која ги прави луѓето мали.

За човекот треба да судите според неговите прашања, а не според неговите одговори.

Никој не е дарежлив колку оние што немаат што да дадат.

Силен е оној кој некого ќе обори, но уште посилен е оној кој ќе се подигне.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....