13:54 - 11 ноември, 2026

Најздравата намирница за мозокот и телото: Го прочистува организмот од отрови и масти

Го намалува ризикот од дијабетес, им помага на веќе заболените, а луѓето кои страдаат од целијакија можат слободно да ја јадат, бидејќи не содржи глутен. Хељдата е една од најздравите намирници на светот.

Таа помага при срцеви болести, го намалува нивото на холестерол во крвта и го чисти организмот, особено цревата. Помага при губењето на вишокот килограми, бидејќи е хранлива, па по нејзиното консумирање подолго ќе бидете сити.

Покрај тоа што е богата со калиум, натриум, калциум, фосфор и магнезиум – минерали неопходни за нормално функционирање на телото, хељдата е вистински извор на железо, па е одлична и за луѓето кои страдаат од анемија.

Научниците открија дека таа може да го одржува оптимално нивото на шеќер во крвта, со што се намалува ризикот од појава на дијабетес.

Хељдата не содржи глутен, па без грижа можат да ја консумираат и луѓето кои страдаат од целиjaкија. Се смета за одлична намирница и за мозокот и за подобрување на неговите функции, а помага и при зачувување на меморијата.

За да го нахраните организмот со сите потребни материи и да ја зачувате виталноста и здравјето, можете да ја консумирате на следниот начин?

Пропржете шолја зрна од хељда, па прелијте ги со 1,5 шолја зовриена вода. Процедете и повторно прелијте со истата количина зовриена вода, поклопете и оставете да отстои во текот на ноќта. Практикувајте го ова две недели, а потоа направите барем 5 дена пауза.

Веднаш ќе забележите дека се чувствате и изгледате подобро!

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.
Се вчитува....