9.8 C
Скопје
18:39 - 30 март, 2026

ФОТО: Кралицата Летиција во стилот на Кејт Мидлтон – На оваа комбинација невозможно е да и се најде мана!

Кралицата Летиција отпатува во Валенсија со цел да присуствува на доделувањето на престижните награди „Rei Jaume I”.

Овие награди се основани во 1989 година и им се доделуваат на научници кои постигнале успех во своето истражувачко подрачје.

Во моментот постојат шест различни категории, а на добитниците им се врачува златен медал и парична награда од 100.000 евра, со обврска дел од тие пари да ги реинвестираат во истражувања.

Фото: Профимедиа

Сосема очекувано, Летиција на доделувањето пристигна во многу елегантно издание.

Фото: Профимедиа

Таа облече комплет од дизајнерката Каролина Херера која ја обожава, а комплетот многу потсетуваше на облекувањето на војвотката Кејт Мидлтон, но и кралицата Летиција во него изгледаше перфектно.

Фото: Профимедиа

Сивиот фустан и капутот со виолетова постава се од старата колекција на оваа дизајнерка, а кралицата ги комбинираше со класични сиви салонки и повторно ги воодушеви модните критичари и јавноста со својот префинет стил на облекување.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....