6.8 C
Скопје
23:59 - 9 март, 2026

Истражувачите потврдија: Овие два симптоми на коронавирусот се позастапени од останатите – Доколку ги имате, не чекајте ниту секунда!

Истражувачкиот тим заклучи дека овие два симптоми на кронавирусот ги имаат речиси сите заразени.

Досега научивме дека температурата, сувата кашлица, грозницата, губитокот на чувството за мирис и вкус и отежнатото дишење се очигледните симптоми за коронавирусот.

Сепак, не реагира секој организам на ист начин на инфекцијата, па така ниту неговиот одбрамбен механизам не е ист.

Истражувачите од Универзитетот Лид во Велика Британија спроведоа истражување со цел да утврдат кои се најчестите симптоми на коронавирусот.

Резултатите од студијата се објавени на интернет магазинот „PLOS One“.

Истражувачкиот тим извршил анализа на дури 148 одвоени студии од девет земји. Прегледале 24.000 одделни случаи на возрасни лица кои биле позитивни на коронавирусот ширум светот.

Податоците откриваат дека дури 78 проценти од случаите имаат грозница, а 57 проценти кашлица.

Температурата и кашлицата ги надвладеале останатите симптоми како што се заморот (31 процент), губитокот на чувството за мирис и вкус (25 проценти) и отежнатото дишење (21 процент).

Секој кој има знаци на температура и кашлица треба да се изолира од остантите и да се тестира на коронавирусот, не чекајте ниту секунда.

Слични објави

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо
Се вчитува....