21:57 - 3 ноември, 2026

Грк кој спиел со над 4.000 жени предупредува: Тоа нема да ве исполни!

Грчкиот модел и актер Јанис Спалјарас (44), уште пред пет години изјави за медиумите дека една работа буквално му го одбележала животот.

Тој во едно интервју за медиумите истакна дека во неговиот кревет поминале повеќе од 4.000 жени!

Пет години подоцна, грчкиот заводник, кој е познат и по своите проекти на Нетфликс, откри дека оваа изјава ја дал под притисок на новинарите и сосема спонтано.

View this post on Instagram

Meet me where the sky touches the sea …

A post shared by Giannis Spaliaras (@gspaliaras) on

„Таа изјава не ме прикажува во најдобро светло. Не знам зошто дури сега зборувам за ова, но сакам нешто да кажам за злогласната изјава дека сум бил со 4.000 жени. Не сум човек кој се фали со своите успеси, ниту пак броев со колку жени сум бил, но таа изјава едноставнo се случи по огромен притисок од страна на еден новинар и не ме прикажува во вистинско светло како човек, ниту пак го намалува мојот труд и работа на пазарот сите овие години. Сега сите ќе ме прашааат – Па зарем не знаеше дека медиумите ќе „распалат“ по тебе после таква изјава?“, пишува Спалјарас на Инстаграм.

„Го прифаќам тоа, но верувам дека по „Survivor“ сите сфативте дека некогаш знам да бидат доста спонтан. Имам една порака до сите млади луѓе кои ме следат, а тоа е да не се обидувате да ги стигнете овие мои рекорди, бидејќи ниту тие жени, ниту тие автомобили, нема да ви останат долго во сеќавање и нема да ве исполнат. Убаво е да ги постигнете своите цели, без разлика дали тоа е одреден автомобил, жена, или пак некој успех во работата, но не за да пополните некоја празнина која ја имате одвнатре. Единствената работа што отсекогаш ме исполнувала, а остана во мојата меморија и влијаеше на мене, дефинитивно се патувањата“, додава Спалјарас на својот Инстаграм профил.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....