-0.2 C
Скопје
18:21 - 22 декември, 2024

ФОТО: Момче креирало и сошило матурски фустан за својата сестра, бидејќи нивните родители не можеле да си го дозволат тоа – Неговиот труд навистина се исплател!

Прекрасни работи сепак се случуваат во светот…

Родителите не можеле да и купат матурски фустан на својата ќерка. Дури немале пари ниту за да изнајмат фустан за овој настан. Меѓутоа, гледајќи ја својата сестра тажна, Маверик Франциско Оја, одлучил на својата сестра да и направи фустан од материјалите кои едвај успеал да ги купи.

Фото: Фејсбук

Се започнало кога училиштето ја најавило матурата, а многу родители не можеле да изнајмат или да купат фустани за своите деца. Но, сестрата на Маверик имала среќа, таа добила фустан од својот брат.

Маверик сам го дизајнирал фустанот, ги побарал достапните материјали и со помош на Јутјуб снимка, создал вистинска магија.

Фото: Фејсбук

„Не знаев од каде да почнам. Најпрвин ја направив сукњата така што го исеков материјалот на девет делови. Бидејќи немаме простор во домот, фустанот го составував надвор. Потоа направив омбре корсет, а потоа и ракави во вид на пеперутка, кој фустнаот го направија посебен“, изјави тој.

Фото: Фејсбук

„Работев секој ден, откако ќе дојдев од училиште. Понекогаш си мислев дека нема да успеам да завршам се навреме, но се исплатеше на крајот, мојата сестра беше пресреќна“, раскажа ова неверојатно момче.

Фото: Фејсбук

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....