9.8 C
Скопје
14:26 - 31 март, 2026

Евтин и едноставен трик со кој вашите алуминиумски садови повторно ќе светат

Доколку сакате старите алуминиумски садови повторно да „светат“ и да изгледаат како сега да сте ги купиле, исчистете ги со помош на лушпи од јаболко. Земете две јаболка со средна големина и излупете ги. Потоа ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад што сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат лушпите.

Варете ја водата со лушпите неколку минути, додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почнува да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледате во него.

Од друга страна, пак, доколку сакате да дознаете како да им го вратите сјајот на старите бакарни садови, верувајте дека тоа може да биде многу едноставно!

Имено, земете шише со прскалка што ќе го наполните со половина литар раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол. Откако растворот ќе биде готов, испрскајте ги бакарните предмети. Потоа, само оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете.

Добро е да знаете дека бакарните садови можете лесно да ги исчистите и доколку на памучна крпа ставите кечап. Потоа со кечапот премачкајте ги и оставете ги така една минута сите бакарни садови што ги имате, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината што ја содржи кечапот ќе ги отстрани дамките и ќе го врати бронзениот сјај на садовите.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....