03:35 - 6 април, 2026

Домашен сок од јагоди БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ, одличен за лето (РЕЦЕПТ)

Она што го прави овој рецепт за сок од јагоди посебен е ниската содржина на шеќер, но и „заробениот“ автентичен вкус на јагода во кој можете да уживате во секое годишно време.

Потребни состојки:

1 кг јагоди
2 л вода
Еден лимонтус
200-250 гр шеќер (бел или кафеав)

Подготовка:

Измијте ги јагодите и убаво исчистете ги. Ако треба, измијте ги уште еднаш. Изблендирајте ги и ставете ги во тенџере. Додадете ја водата, лимонтусот и шеќерот.

Најпрво варете на умерена температура, додека да се растопи шеќерот. Оставете да проврие, па варете уште пет минути. Внимавајте да не ви претече.

Жешкиот сок од јагоди сипете го во претходно загреани стаклени шишиња. Во фрижидер може да се чува до седум дена, а доколку сакате да го имате и во есен и зима, замрзнете го во пластичен сад.

БОНУС ВИДЕО:

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....