3.8 C
Скопје
00:07 - 21 декември, 2024

Домаќински муабети: Трикови кои мора да ги знае секоја домаќинка – Како правилно се соли храната?

На различна храна ѝ треба различно количество сол, како и знаење кога треба да се посоли, за на тој начин дополнително да се придонесе кон интензивирање на вкусот

Иако поголемиот дел од луѓето мислат дека зачинувањето на храната, особено солењето е едноставен процес, при кој не постои можност да се згреши, сепак тоа ниту од далеку не е точно.

Различната храна солете ја во различни фази од термичката обработка

На различна храна ѝ треба различно количество сол, како и знаење кога треба да се посоли, за дополнително да се придонесе кон интензивирање на вкусот, а притоа да не се изгуби водата која се наоѓа во составот на храната. Доколку се изгуби потребното количество вода (сокови) од храната, особено во месото, тогаш јадењето ќе биде суво и по термичката обработка нема да го има вкусот што го очекувате.

Храна што се соли пред готвење

Затоа, добро е да се знае дека, на пример, кога станува збор за посолувањето на оризот, но и на компирот, нив треба да ги посолите пред да почнете да ги готвите. Исто така, пред готвењето посолувајте ги и тестенините и месото, додека грашокот и печурките посолете ги тогаш кога комплетно ќе ги испржите, печете или откако ќе ги сварите.

Лукот, кромидот и празот можете да ги посолите кога и да посакате. Овој зачин, нема да придонесе кон промена на нивниот вкус.

Кои се причините за тоа

Оризот, компирот и тестенините, доколку се варат во солена вода, тие ќе го впијат потребното количество сол додека трае процесот на нивна термичка обработка. Ако се готват на овој начин, ќе добијат поинтензивен вкус и многу побрзо ќе омекнат.

Кога станува збор за месото, препорачливо е и него да го посолите пред да почнете со неговата термичка обработка. На тој начин нема да впие дополнително количество од маслото во кое го пржите.

Од друга страна, пак, доколку веднаш штом го ставите да се вари на грашокот му додадете сол, многу подолго ќе се вари.

Печурките во нивниот состав имаат поголемо количество вода. Затоа, ако ги посолите пред да почнете да ги готвите, тие на самиот почеток од нивната термичка обработка ќе ја испуштат целата вода што ја имаат во својот состав. Токму поради тоа нивната подготовка може да трае многу подолго.

Затоа, препорачливо е овие намирници да ги посолите пред да почнете со нивно консумирање, односно тогаш кога ќе престанете да ги готвите.

Ако сакате лукот, кромидот и празот да бидат крцкави, во тој случај посолувајте ги на крај, но доколку сакате да бидат меки, посолете ги на почетокот на нивната подготовка.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....