14.8 C
Скопје
07:27 - 2 мај, 2024

Маж од Тексас отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал

Триесетгодишен жител на Сан Антонио, Тексас, отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал, јави Њујорк пост.

– Мислев дека е лага, им кажал младиот пациент на медицинските сестри пред да почине.

Според весникот, забавата била организирана од лице заразено со Ковид-19, и идејата била да се провери дали вирусот е реален и дали некој може да се зарази.

Американските медиуми пренесуваат извештаи за одржување коронавирус забави од страна на младите луѓе во државите како Аризона или Тексас, јави допсиникот на МИА.

Главно, тие се скептици и мислат дека коронавирусот е лага или пропаганда. Или пак сакаат да добијат антитела сметајќи дека од вирусот умираат само постари луѓе, но факт е дека се повеќе млади и претходно здрави лица, заразени од вирусот, завршуваат во болници или мртовечници.

– Мислам дека направив грешка, мислев дека ова е лага, но не е, кажал младиот тексашанец пред да почине, изјави медицинска сестра за Ен-би-си.

Државите како Тексас, Калифорнија или Флорида се нови жаришта на коронавирусот во САД, и во изминатите денови се регистрираат над 9.000 случаи на инфекција дневно во секоја, додека болничките капацитети се полнат.

Во Сан Антонио, јужен Тексас, на пример, досега се регистрирани над 18.000 случаи, со повеќе од 1.200 хоспитализирани пациенти.

The post Маж од Тексас отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал appeared first on Слободен печат.


Маж од Тексас отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал was first posted on јули 12, 2020 at 11:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....