18:14 - 7 ноември, 2026

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

Српската пејачка Јелена Томашевиќ се појави вечерва на добротворниот концерт „За ангелите“, а тоа беше и нејзино прво појавување откако се разболе.

Во оваа прилика, Јелена зборуваше за своето здравје.

Јелена Томашевиќ неодамна се сруши на сцената, поради што беше прекинат нејзиниот концерт во Бар, за кој зборуваше сега.

– Добив вирус кој го воспали средното уво и ги наруши кристалите во моите уши. Дури и се пошегував следниот ден дека добив вертиго затоа што испеав песна со тој наслов. Тоа е минливо, отидов кај лекарка која, со еден маневар, ми ги намести кристалите во моите уши и ми престанаа вртоглавиците, но морав неколку дена да мирувам – рекла Јелена и додала:

– Искрено, ништо слично никогаш не ми се случило. Претходниот ден имав снимање, не сакав да го откажам концертот поради вирусот. Тоа утро добив вртоглавици кои се смирија во текот на денот, а вечерта повторно се вратија. Да знаев, ќе го откажев концертот навреме, немаше себеси да се доведам во таква ситуација. Сите веднаш притрчаа да помогнат, брзата помош, лекарките од публиката ми пружија прва помош и им благодарам на сите, навистина се чувствував згрижено.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....