9.8 C
Скопје
23:10 - 19 октомври, 2026

Џеки Кенеди, жената која преку ноќ знаеше да се претвори во убавица: Секоја жена треба да ги знае нејзините тајни! (ФОТО)

На денешен ден во 1994 година почина поранешната американска прва дама Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на 35-тиот претседател на САД Џон Кенеди, кој бил убиен во 1963 година. Џеки Кенеди се памети по нејзиниот придонес кон уметностите и зачувувањето на историската архитектура, нејзиниот стил, елеганција и грациозност.

Таа беше и остана икона на стилот. Меѓутоа, нејзината тајна е во тоа што се сакала самата себеси, додека триковите само ѝ помагале да се покаже во прекрасно светло.

Поранешната американска прва дама Џеки Кенеди со причина стана вечна светска икона на стилот – беше мајстор со едноставни трикови на убавина да постигне чуда.

Profimedia

Ова се нејзините тајни

1. Сапун од кал од Мртво Море бил еден од нејзините омилени производи за чистење на кожата. Производите со екстракти од Мртво Море познати се по концентрацијата на минерали (на пример, калциум, калиум, магнезиум), кои фино ја прочистуваат кожата и имаат смирувачки ефект.

Instagram

2. Сензуалниот парфем бил заштитен знак на Џеки Кенеди. Секојдневно го нанесувала мирисот Lovely Patchouli 55 од луксузната француска парфимерија House od Krigler. Овај парфем е заводлива мешавина од миризливи ноти на пачули, килибар и бергамот.

Profimedia

3. Перфекционистката Џеки и тоа како била свесна колку изразените и совршено обликувани веѓи можат да го „подигнат“ изгледот на лицето. Затоа внимавајте веѓите да ви бидат убаво обликувани, а по потреба „пополнете“ ги со специјално моливче или четка.

Profimedia

4. Џеки никогаш не комплицирала и затоа била кралица на стилот. Ако косата ви е разлетана од ветрот, замотајте ја главата со луксузна свилена марама. Ако набрзина сакате да ги скриете подочниците, носете големи и елегантни наочари за сонце.

Profimedia

5. Една од најомилените американски први дами многу вложувала во својот изглед, но никако не можела да се откаже од цигарите, кои освен што се штетни за здравјето, имаат лошо влијание и на кожата. Затоа користела суперхидрантни креми за лицето да ѝ остане свежо.

6. Џеки обожавала да се сонча, но затоа нејзината кожа била склона на пигментација, а тој проблем успешно го решавала со пудра.

Instagram

7. Сакала кармини за усни во јаки бои и често ги ускладувала со црвени и розови нијанси на облека. Ако сте облекле класичен црвен фустан, на усните задолжително ставете црвен кармин со иста боја.

8. Поради честото изложување на сонце, стилизирајќи ја косата со топли справи и користење на лак за коса, нејзиниот фризер Питер Ламас ѝ препорачал за заштита врвовите од косата да ги негува со масло.

Instagram

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....