12:48 - 7 ноември, 2026

Чувајте го својот брак: Адвокатите велат дека јануари е „месец на разводи“

По празниците многумина одлучуваат да „пресечат“ и да стават точка на бракот, па јануари неславно е познат како месец на разводи.

Во адвокатските кругови, јануари има репутација на „месец на разводи“, бидејќи многу парови чекаат да минат празниците за да го завршат бракот.

Адвокатот Лора Васер, која при разводи застапувала бројни познати личности, меѓу кои и Анџелина Џоли, Џони Деп и Ештон Кучер, вели дека јануари заслужено ја носи оваа репутација.

– Сосема е точно дека првиот месец во годината, посебно во првата половина од месецот, луѓео најмногу гледаат во документите за развод – рекла адвокатката.

Навистина, и според анализа на пребарувањата на Гугл, зборот „развод“ бележи најголем пораст од 6 до 12 јануари, а и истражување од 2016 година спроведено во Вашингтон утврдило дека бројот на разводи е зголемен во јануари во однос на декември.

Адвокатката Васер смета дека стресот кој е зголемен во сезоната на празниците, како и поминувањето на повеќе време со семејството, се работи кои можат да му наштетат на бракот.

– Кога празниците ќе поминат, многу луѓе помислуваат: „Не сакам повеќе никогаш да минувам низ празничниот период со оваа личност“, тврди адвокатката.

Покрај тоа, таа верува дека желбата на луѓето за тоа во својот живот да направат промени и подобрувања, ги поттикнува луѓето да се разведуваат токму на почетокот на годината.

Исто така, многу парови размислуваат за развод веќе некое време наназад, но не сакаат празниците да ги поминат сами, ниту со тоа да им ги уништат празниците на децата.

За оние кои евентуално размислуваат за развод, Васер има неколку совети, бидејќи, разводот секако е тежок, но не мора да стане „пекол“.

Таа советува да задржите доза на љубезност кон партнерот, посебно ако имате деца, бидејќи сепак ќе морате да останете во контакт до крајот на животот.

– Сакате да минете низ тоа, а да потрошите што помалку пари и да си сочувате вашето ментално здравје – вели Васер.

Исто така, таа советува пред разводот што повеќе да се информирате за тоа, за процесот да биде колку што е можно помалку болен.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....