Тами Хемброу е атрактивна Инстаграм и финес дива, која важи за една од најпопуларните фитнес блокерки на светот, а која минатата година ја освои и наградата на магазинот Космополитан за жена на годината.
Оваа награда се однесуваше на влијанието на Тами кое таа го оствари преку социјалните мрежи во фитнес индустријата.
Бројни модни брендови како што се Fashion Nova и Women’s Best, од поодамна ја ангажираа за заштитно лице, а сестрите Кардашијан и Џенер се запознаа со неа откако Клое Кардашијан, импресионирана од нејзиното влијание на Инстаграм, минатата година ја повика да биде заштитно лице на нејзиниот моден бренд Good American.
Оваа убавица поради своите облини го доби епитетот „Австралиската Ким Кардашијан“, а на Инстаграм има речиси 11 милиони следбеници.