19:05 - 13 април, 2026

7 БАКСУЗНИ ПРЕДМЕТИ СПОРЕД ФЕНГ ШУИ: Фрлете ги од дома

часовник

Според упатствата на Фенг Шуи и народните верувања, подобро е да не ги чувате овие работи во куќата. Наводно, тие носат несреќа или чуваат лоша енергија во куќата.

Овие 7 предмети особено се сметаат за лоши, бидејќи можат да донесат расправии и сиромаштија:

1. Скршен часовник

Според Фенг Шуи, скршените работи треба да се исфрлат од куќата општо, а скршените часовници особено. Тие наводно укажуваат на немили настани во иднина.

2. Црна врата

Кинеското верување вели дека црните врати носат лоша среќа во вашиот дом, но не и ако се свртени кон север.

3. Стариот календар

Ако не сте ја превртеле страницата на тековниот месец или ознаката за датум останала на погрешно место, тоа не е добро, вели старото суеверие. Календарот е симбол на одминување на времето и ако го користите на погрешен начин, наводно може негативно да влијае и на вашиот живот.

4. Скршени садови

Според кинеското верување, садовите го симболизираат богатството и семејството. Ако јадете од распарчени чинии, вие потсвесно се повикувате на проблеми во вашиот живот. Затоа, штом нешто пукне, фрлете го веднаш.

5. Кактуси и растенија со трње (освен рози)

Внесуваат негативна енергија во домот.

6. Мртви растенија и вештачко цвеќе

Се смета дека мртвите растенија, исто како и вештачкото цвеќе, носат лоша среќа, па според Фенг шуи, тие треба да бидат исфрлени од куќата што е можно поскоро.

7. Бршлен

Тоа е старо верување дека отровниот бршлен што ползи по куќата носи несреќа.

Извор: „stil.kurir“

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ во машина од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.
Се вчитува....