Ксенија Вербитскаја во Санкт Петербург се закити со титулата „Mrs. Universal Classic“ на натпреварот одржан во Бугарија.
Изборот на убавина беше одржан во Софија, а триумфираше 43-годишната Русинка.
Минатата година Ксенија победи на натпреварувањето „Mrs. St. Peterburg Classic“, со што се квалифицираше да ја претставува својата земја во последната фаза од натпреварувањето кое беше одржано од 19-21 јануари.
За својот настап таа изработи руска народна носија – сарафански фустан со кокошкин шешир. Во делот на шоуто во кој жените ги претставуваат талентите таа испеја песна на шпански јазик.
За да можат да учествуваат на овој натпревар, жените мораат да бидат омажени, да имаат остварени кариерни амбиции и да имаат најмалку 40 години, пишува Russia Beyond.
Ксенија работи како специјалист за породувања во својата локална болница. има четири деца – три ќерки и еден син. Страст и е танцувањето, посебен фан е на тангото, а животниот сон и е еден ден да танцува во Буенос Аирес.