23.8 C
Скопје
19:14 - 28 април, 2024

13 вредни совети од доктор Фаучи како да ја избегнете заразата со ковид-19

Водечкиот американски епидемиолог доктор Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести порача што треба, а што не треба да правиме ако сакаме да ја избегнеме заразата со коронавирусот. Советите на д-р Фаучи се драстични, лични и бараат голема дисциплина.

Доктор Фаучи дава 13 совети што ќе ви помогнат да избегнете зараза со ковид-19.

Избегнувајте кафулиња

Фактот дека кафулињата се отворени, не значи дека тие се безбедни. Доктор Фаучи вели дека тие најчесто имаат лоша вентилација, што влијае врз ширењето на вирусот. Советот е да седите во градина и да носите маска.

Носете маска постојано

Иако на почетокот на пандемијата рече дека се потребни маски за медицинскиот персонал, д-р Фаучи сега верува дека сите треба да ги носат веднаш штом ќе излезат од дома, затоа што маските се најдобриот начин да се запре ширењето на инфекцијата. Особено е опасно да се биде без маска во поголема група луѓе.

Дистанцирајте се

Кога советува физичко дистанцирање, доктор Фаучи препорачува да се избегнуваат сите собири, а не само оддалечување два метра од другата личност.

Подгответе се за непредвиденото

Дури и кога не очекувате да сретнете некого или да се најдете во толпа, бидејќи едноставно сте „скокнале“ до аптека или до продавница, може да ви се случи спротивното. Затоа, кај себе секогаш треба да имате заштитна маска и средство за дезинфекција на рацете.

Преземете одговорност

„Или сте дел од решението или сте причина за проблемот“, им порачал д-р Фаучи на своите сограѓани, кои не ги почитуваат пропишаните мерки и совети. „Секој од нас е одговорен кон себе, но и кон околината. Борбата против пандемијата е процес што се руши со индивидуални случаи на ноншалантно и неодговорно однесување.“

Пазете се од „здравите“

Повеќе од една третина од заразените немаат никакви симптоми, а го пренесуваат вирусот, и тоа е најголемата опасност во оваа пандемија. Бидејќи не знаете кој е заразен околу вас, па дури ниту дали вие сте носител на вирусот, однесувајте се како да сте постојано опкружени со носители.

Вакцинирајте се

„Штом вакцината ќе биде достапна, не двоумете се да ја примите“, порачува д-р Фаучи. Тој е свесен за сите отпори и сомнежи што се јавуваат во поглед на вакцинацијата, но вели дека „имунитетот на стадото“ не може да се постигне на поинаков начин без катастрофални последици за населението и за здравствениот систем.

Веднаш штом ќе ги почувствувате симптомите, тестирајте се

Доктор Фаучи е голем поддржувач на масовното тестирање, затоа што верува дека така може да се „влезе во траг“ на начинот на ширењето на вирусот. Секој што ќе почувствува симптоми (температура, малаксаност, сува кашлица, отсуство на сетилото за вкус и мирис), тој советува веднаш да се тестира и да се самоизолира пред да му пристигнат резултатите, со цел да се избегне заразување на семејството и на околината.

Верувајте им на експертите

– Пандемијата не е партиско прашање, немојте да воведувате политика во борбата против коронавирусот – им порачал д-р Фаучи на Американците, кои ги чекаат претседателските избори оваа година. Тој ја повикува нацијата да им верува на медицинските експерти, особено на оние што докажале дека ја зборуваат вистината, а во која спаѓа и тој самиот.

Сериозно сфатете ги вашите други болести

Ако сте дијабетичар, ако имате проблеми со срцето, висок крвен притисок, дебелина, ако се лекувате од рак, спаѓате во високоризичните групи што не смеат да се заразат. Избегнувајте патувања, особено туристички, намалете ја можноста за зараза на минимум со употреба на средства за заштита и држете се подалеку од гужвите.

Не очекувајте брз крај на епидемијата

„Епидемијата се совладува постепено“, порача д-р Фаучи, додавајќи дека нашата нетрпеливост е најголемата пречка за израмнувањето на кривата на заразата. Тој резултат се постигнува полека и постепено, а нереалните очекувања за брз крај може да доведат до обесхрабрување и откажување од неопходните мерки за заштита, што е опасно и може значително да ја продолжи епидемијата. Не правете планови што епидемијата може да ги спречи.

Децата смеат да си играат во групи до пет, максимум десет деца

Не е реално да ги држите децата заклучени дома во текот на летото, ниту, пак, да ги принудувате цело време да носат маски додека си играат. Затоа е подобро да се ограничи бројот на деца во група на пет до десет деца, бидејќи така се одговара на нивните потреби за дружење, а се намалува ризикот од зараза.

Сè што ќе купите, нека отстои еден ден

– Јас одам редовно во набавка во продавници, но кога ќе се вратам дома, прво ги вадам сите работи од ќесите, потоа мијам раце и прскам сè со средство за дезинфекција и оставам да отстојат еден ден – рекол д-р Фаучи.

 

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....