08:03 - 1 ноември, 2026

Поради Меган принцот Хари се скарал и со најдобриот пријател: Мислел дека принцот избрзува со венчавката (ФОТО)

Новата биографија која наскоро ќе излезе на пазарот, а која ќе открие многу недоумици и бројни затскриени афери на кралското семејство, на површина извади детали од односот меѓу принцот Хари и неговиот најдобар пријател Том „Скипи“ Инскип.

Том и неговата сопруга Лаура на венчавката на Хари и Меган/Profimedia

Принцот Хари и Том се запознале на Универзитетот Етон. Оттогаш биле неразделни – на првите забави, заедничките патувања, летувања, зимувања и семејни собири. Во еден момент Том бил како дел од семејството.

Принцот Хари млад
Принцот Хари со пријателите на ергенската забава на брат му Вилијам/Profimedia

Но кога Хари ја објавил свршувачката со Меган, неколку блиски пријатели и роднини на принцот го искажале своето мислење околу тоа. Меѓу нив бил и принцот Вилијам, кој сметал дека неговиот брат избрзува со одлуката за венчавката.

Принцот Хари, со Скипи ја продлавуваат победата на нивниот рагби тим/Profimedia

Според наводите во биографијата и Том го делел истото мислење. Познавајќи го својот најдобар пријател, Том на Хари му сугерирал прво да почнат да живеат заедно со Меган, па дури потоа да донесат толку важна животна одлука.

 

Хари и Меган во периодот кога биле во врска на свадба кај пријателка/Profimedia
Profimedia

Според зборовите на авторот на биографијата „Finding Freedom“, принцот Хари овој совет не го доживеал добронамерно, туку како напад на Меган.

„Хари беше многу поврден зашто некој толку близок не му верува за големата животна одлука што ја донел“, објаснува авторот на биографијата.

Profimedia

За работите да станат уште полоши, принцот Хари и Меган Маркл одлучиле Том и неговата сопруга Лаура да ги изостават од пописот на гости на венчавката во Фрогмор.

Хари во 2012 година на забава во Јамајка/Profimedia

Тие присуствувале на црковната венчавка во дворецот Виндзор, но не биле добредојдени на забавата која подоцна се одржала во палатата. Таму наместо најблиските пријатели на Хари се забавувале новопечените пријатели на парот – Опра Винфри, Амал и Џорџ Клуни, Викторија и Дејвид Бекам, како и останатите гости, пишува во биографијата.

Слични објави

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.
Се вчитува....