19.8 C
Скопје
18:24 - 26 април, 2024

Родени се Арета Френклин и Елтон Џон, Џими Хендрикс издаде концертен албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја го одбележуваат неколку клучни настани, помеѓу кои слободно може да се оддели раѓањето на кралицата на соул музиката – неверојатната Арета Френклин.

Во продолжение прочитајте по што сѐ друго ќе го паметиме 25 март, кога е музиката во прашање:

1942 година – Родена е Арета Френклин, американска пејачка која ја носеше титулата „Кралица на соул музиката“.

1947 година – Роден е Елтон Џон, англиски пејач, автор и пијанист, под вистинско име Рџиналд Кенет Двајт.

1947 година – Роден е Момчило Пападиќ, драмски писател, новинар и поет, еден од најплодните текстописци за многу познати изведувачи на забавна и поп музика.

1963 година – Американската сурф-рок група „Beach boys“ го објави својот втор албум „Surfin’ USA“, кој на националната топ листа помина речиси 20 месеци на самиот врв.

1967 година – Англискиот рок гитарист Џеф Бек ја сними нумерата „Beck’s Bolero“, со која ја почна работата на првиот самостоен албум.

1970 година – Објавен концертен албум на гитаристот Џими Хендрикс под назив „Band of Gypsys“. Ова беше прво негово лајв издание, но и последно, чиј автор беше лично тој, пред да почине во септември истата година.

1985 година – На 57. доделување на Оскарите, наградата за најдобра оригинална песна ја доби нумерата „I just called to say i love you“, дело на Стиви Вондер од филмот „Woman in red“. Во категоријата „Original song score“, Оскар доби Принц за култната „Purple rain“.

1997 година – Објавен е албумот „Live after death“, вториот и последен кој го сними раперот Биги Смолс. Тој е убиен 16 дена порано, на 9 март, во Лос Анџелес.

2008 година – Објавен е четвртиот албум на „Едо Маајка“ под назив „Балканско а наше“. Изданието носи 15 нови песни од кои како поголеми хитови се издвојуваат нумерите „Дај ми љубав“, „Климај главом“, „Покради лову“ и „Све пролази“.

Слични објави

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо
Се вчитува....