9.8 C
Скопје
09:36 - 19 април, 2024

Присила Присли: Преку ден ученичка, навечер фатална жена (ФОТО)

Кога се запознале, тој бил најголема ѕвезда во светот на музиката, а таа ученичка.

Присила Беоли имала само 14, а Елвис 24 години и веќе бил светски популарен музичар. Нивниот брак траел само шест години, но таа го сакала до самиот крај.

Се запознале во Германија каде што Елвис отслужувал воен рок, а таткото на Присила бил офицер и живеел таму со целото семејство. Кога ја видел, пејачот веднаш ја забележал и се вљубил во неа.

– Ме праша колку години имам и дали одам во средно училиште, а јас срамежливо признав колку години имам. Ми рече, па ти си само дете – вели Присила за почетокот на нивното дружење.

– Ќе ми се јавеше во 7 и ќе ми речеше дека во 8 доаѓа по мене. Морав набрзина да се спремам и се обидував да најдам облека во која ќе изгледам постаро. Често ги облекував фустаните на мајка ми и се надевав дека ќе изгледам барем како за 16 – изјавила своевремено таа, додека Елвис наводно му кажал на некој негов пријател дека е доволно млада за да може да ја обликува како сака. Сепак, поминало долго време додека ја консумирале врската.

присила присли
Profimedia

– Бев млада, очајно вљубена и можеше да ме искористи. Ми рече дека еден ден ќе го направиме тоа, но дека сега сум премлада за тоа – раскажува Присила.
Бидејќи била ученичка, Елвис ги слушал нејзините приказни за испитите и тестовите со кои имала проблеми, па решил да ѝ помогне.

– Ми донесе мали бели таблети и рече дека не морам да знам што е тоа, дека ги добил во војска и дека без нив немало да преживее ни ден. Ме убедуваше дека се безбедни, но јас не сакав да ги земам – тоа биле таблети Декседрин кои Елвис ги земал за да се разбуди, зашто не можел да заспие без таблети за спиење.

Кога му истекол воениот рок и се вратил во САД, родителите ѝ зборувале дека веднаш ќе ја заборави, но таа продолжила да му пишува и да му праќа писма во розови пликоа.

Profimedia

– Во периодот кога не контактиравме се плашев дека веќе никогаш нема да се видиме. Ги читав сите вести за него, но секоја приказна сѐ повеќе ме вознемируваше. Го поврзуваа со многу старлети во Холивуд – се сеќава поранешната сопруга на кралот на рокенролот.

По некое време ги наговорила родителите да оди во Америка со него, и тие прифатиле, но под услов да им пишува секој ден. Таа ги пишувала писмата наеднаш, му ги давала на менаџерот на Елвис и тие заминувале во Лас Вегас. Станало јасно дека ништо не може да ги раздели, па нејзините родители се договориле со неговите Присила да се пресели кај нив и да живее таму до нејзината матура.

Во тој период Елвис контролирал сѐ во нејзиниот живот, вклучувајќи ги нејзината гардероба и фигура.

– Сакаше да носам црвена, сина, тиркизна, смарагдно-зелена, бела и црна боја, а тие бои ги носеше и тој. Мразеше кафеава и темно зелена зашто го потсетуваа на војска. Сакаше да ставам порцелански коронки на забите и многу да се шминкам, да ја обојам косата црна и високо да ја подигнам, за што повеќе да наликува на неговата. Додека бев средно училиште водев двоен живот, преку ден ученичка, а навечер фатална жена – вели таа.

Profimedia

Тогаш Елвис веќе редовно се дрогирал. Му требале барем два-три часа да се разбуди наутро, а потоа бил мамурен од таблетите за спиење.

– Потоа земаше Декседрин за да се разбуди и да може да функционира. Со тек на време и јас почнав да земам и сето тоа ми изгледаше потполно нормално – вели Присила.

Најголем проблем во нивната врска биле неговите неверства, кои Присила тешко ги поднесувала. Почнала да оди со него на турнеите, а секогаш кога Елвис ќе најдел нова љубовница, таа го менувала стилот на облекување за да личи на неа и така да го задржи.

Profimedia

– Покрај сето тоа, тој секоја вечер ми ги откриваше неговите тајни, сомнежи и фрустрации. Тогаш бев многу млада и не можев баш да го разберам, но се трудев. Ми раскажуваше дека сака да стане познат глумец како неговите идоли, Марлон Брандо, Карл Мејден и Рон Стајгер. Често ми зборуваше дека совршено се вклопувам во неговиот идеал за жена. Сакаше бринети со плави очи, сакаше да ме обликува според неговите замисли – се сеќава Присила.

Се венчале кога таа имала 21 година, а нивната ќерка Лиза Мари се родила девет месеци подоцна.

Но, Присила почнала да се губи во животот во совршениот балон во кој Елвис контролирал сѐ и конечно бракот се распаднал.

– Не ги проживеав тинејџерските години како што треба, морав да се прилагодам на неговиот живот, а мојот воопшто не постоеше. Размислував на начин на кој и тој размислуваше, знаев што сака и што не сака. Целосно се изгубив и ми требаа години да се вратам во нормала – се равеле кога таа имала 28 години.

– Не се разведов зашто не го сакав, тој беше љубовта на мојот живот. Заминав зашто го сакав, но морав да видам каков е вистинскиот свет – се сеќава таа.

Profimedia

Слични објави

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо
Се вчитува....