На јавноста ѝ е веќе добро позната американската Јулија Роуз, која сред бејзбол натпреварот ги покажа голите гради, а сега отиде чекор подалеку и повторно своите фанови ги донесе до лудило. Таа заработи и казна, односно доживотна забрана за следење на бејзбол натпревари. А всушност сето тоа, заедно со својата другарка, како што вели, го направила во добротворни цели.
Ударно случување изминатиов викенд во Лос Анџелес беше бокс мечот на Јутуб ѕвездите Пол Логан и Кси, во кој Кси ја однесе победата.
Сепак, како што другите ја нарекуваат „бесрамната“ Инстаграм ѕвезда, опкружена со илјадници фанови се бакна, и тоа со јазик со својата пријателка. Дали и овој потег беше во добротворни цели, останува да видиме.
Нормално, токму како и минатиот пат, фотографијата и видеото станаа хит на Интернет, па така не е чудно како провокативната Јулија ја следат повеќе од 3 милиони луѓе.
Со што располага Јулија погледнете на нејзиниот Инстаграм профил.