15:22 - 27 ноември, 2026

ОДГОВОР: Зошто кучињата ја навалуваат главата кога им зборуваме?

Можеби сте забележале дека кога вашето куче ќе слушне некој чуден звук или кога ќе му кажете нешто, ја навалува главата настрана и сигурно сте се запрашале – Зошто? Ние го имаме одговорот за вас, пренесува „VACHospitals“.

куче

Се обидуваат да нè разберат

Mиленичето се обидува да идентификува познати зборови или тонови кои ги поврзува со награда (прошетка или закуска). Мускулите на средното уво на кучето го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изразите на лицето и движењата на главата, па некои експерти заклучуваат дека кучето ве слуша на овој начин и се обидува да комуницира.

(ВИДЕО+ФОТО) ДНЕВНА ДОЗА ПОЗИТИВА: Запознајте го Боџи – Кучето кое го знае распоредот на јавниот превоз во Истанбул

Се местат да нè слушнат подобро

Кучињата имаат подвижни ушни школки, што им овозможува да го лоцираат изворот на звукот и насоката од која доаѓа, а со помош на мозочните функции го одредуваат звукот што стигнува до ушите. Кога кучето ја движи главата, се снабдува со дополнителни информации, односно си помага подобро да го лоцира местото и оддалеченоста на изворот на звук.

(ФОТО)КУЧЕ, МАЧКА ИЛИ НЕШТО СОСЕМА ТРЕТО: Изборот на домашно милениче открива каков човек сте

Можат подобро да ни го видат лицето

Во обид да нè разберат, кучињата ги користат не само нашите зборови и интонација, туку и изрази на лицето, говор на телото и движења на очите. Затоа со навалувањето на главата се трудат подобро да ги видат знаците на нашето лице.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....