12.8 C
Скопје
11:57 - 18 април, 2024

НАУКАТА ЗА ЉУБОВТА: Колку време ни е потребно да преболиме некого?

Што вели науката за скршените срца кога станува збор за скорешно раскинување?

Пролетта е она време од годината кога копнееме да запловиме во несигурните води на љубовта, знаејќи дека статистиката не мора секогаш да е на наша страна и дека има големи шанси во одреден момент да доживееме радикална промена на курсот, бродолом или да влеземе во Бермудскиот триаголник.

Но, колку што пролетта е време за нови почетоци, речиси исто толку будењето на природата нè размрдува од зимскиот сон на љубовната врска, која на свежата дневна светлина почнува да ги покажува пукнатините и другите несовршености на површината. Со други зборови, пролетта е време и за раскинувања, како нешто неизбежно пред новите почетоци.

Научно докажано, раскинувањата се едни од најстресните животни искуства, без оглед на околностите во кои се случуваат, а понекогаш прекинувањата на релативно кратките врски се потешки од оние со одамна заладени односи.

Културата во која живееме нема инфраструктура за нашите љубовни маки: нема боледување поради скршено срце, нема итен прием на клиника поради романтично разочарување, ниту национален буџет за пост-раскнувачка шопинг терапија или компензација за ментална болка. Реално не постои сосем ефикасен лек против болката од скршено срце, а прашањето што неизбежно не мачи е – колку долго ќе трае оваа сезона во пеколот?

Најточниот и незадоволувачки одговор на прашањето „колку време всушност ни треба да преболиме некого?“, би бил – зависи. Но, за среќа, постојат научни сознанија што сепак ни даваат одредена рамка за да можеме полесно да ги поминеме кризните денови.

Имено, во првата фаза по раскинувањето, дури и во најповршните врски, доживуваме хормонална реакција на физиолошко ниво – се чувствуваме ужасно. Напади на плачење, намален или прекумерен апетит, недоволен или прекумерен сон, чувство како некој да не прегазил, грутки во грлото и дијафрагмата… Без оглед на тоа каква била врската, ништо од ова не е знак дека е направена грешка, ниту дека болката ќе трае вечно. Тоа е едноставно реакција на телото кое претрпува непријатна и стресна трансформација. А науката вели дека овој буквално најболен период трае точно три недели.

Под претпоставка дека раскинувањето е конечно, треба барем привремено да се дистанцираме од поранешниот партнер, што е особено тешко во ерата на социјалните мрежи, и да не си даваме лажна надеж дека работите може да се променат. Во тој случај првата страшна физичката мачнина трае во просек три недели. Потоа „полесно се диши“, но тоа не значи дека сме целосно ослободени од болката и на некој начин нашето искушение тогаш почнува.

Некои квантитативни истражувања велат дека просечното време за преболување е три и пол месеци за краткотрајни врски, а најмалку година и пол за развод или слична врска. Исто така, постои урбан мит дека времето потребно за некој да се преболи е половина од вкупното времетраење на врската, но за жал или за среќа, тоа не е точно, а периодот на опоравување зависи од голем број фактори, како и од начинот што ќе го избереме да се справиме со ситуацијата.

Залудното фантазирање за заедничка иднина може да ја продолжи болката до бесконечност.

Мазохистичките демнења на профилот на бившиот партнер на социјалните мрежи и паничните потраги на Тиндер може да направат повеќе штета отколку корист ако одиме на лоши состаноци, по што поранешниот партнер уште повеќе ќе ни изгледа како полн погодок. Најважно е навистина да се ослободиме од врската и личноста и да се фокусираме на себе, на личниот развој, грижата за себе, и со тоа да го исполниме времето, наместо со гнев, тага или надеж за бившите.

Среќна околност е што раскинувањето значи нов почеток, повеќе простор и време, нови можности, и така треба да се набљудува ситуацијата, дури и кога мислиме дека е невозможно да чувствуваме нешто друго освен тага и болка. Слободно тагувајте, чувствувајте се што сакате да чувствувате, но потоа ослободете се и уживајте во себе.

И токму тогаш кога ќе престанете да очекувате, ќе се разбудите едно утро и ќе сфатите дека болката ја нема, а вие сте фантастична личност што ја чекаат прекрасни работи…

Слични објави

Дадилката на децата на Харис и Мелина Џиновиќ признава: „Ѝ ги перев и гаќите, беше скржава!“

еспресо

Драгана Мирковиќ сè жртвувала заради Тони: „Дали сте свесни колку ризикував?“

еспресо

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо
Се вчитува....