13.8 C
Скопје
22:19 - 29 октомври, 2026

(ФОТО) ВО ДОМОТ на АЛАЧКИ СЕ СЛАВИ БЛАГОВЕЦ: Пејачката му посака вечно и благословено име на својот син

Пејачката и ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“,  Андријана Алачки на својот фејсбук – профил објави фотографија од својот син Благоја по повод неговиот именден.

„Денес е Благовештение, Благовец, именден на мојот син Благоја. Да ти е вечно името, здрав и жив да си, благословен од Бога, нека е за многу години! Горда сум на тебе“ – напиша Андријана на својот фејсбук профил споделувајќи малку повеќе за овој празничен ден со своите следбеници.

„Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне… Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви! На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените“ – напиша пејачката.

Благоја кој го наследи музичкиот талент од родителите, по професија е музичар и свири на гитара, а по повод неговиот именден Андријана му посака вечно име.


Покрај Благоја, Андријана е горда мајка и баба на ќерката Грациела и внуката Јана. Покрај обврските како мајка и баба, пејачката е особено посветена на својата кулинарска емисија.


Бројни патувања надвор од границите на нашата земја, многу гости, вешти жени и илјадници рецепти кои ја негуваат нашата традиција.

Слични објави

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што појадуваат неговите синови: Детаљ во чинијата на малиот Жељко ги потсети сите на детството

Еспресо
Се вчитува....