19:14 - 11 ноември, 2026

НАЈГОЛЕМИТЕ АКТИВИСТКИ ДОАЃААТ ОД ИНДИЈА: Зaпознајте ја женската банда Гулаби

индија

Дали сте знаеле дека некои од најголемите активистки доаѓаат од Индија? Махатма Ганди, Таџ Махал, кравата како свето животно, индискиот чај, сето тоа нè асоцира на Индија, а сега на листата слободно можеме да ја додадеме и бандата Гулаби.

Гулабите или розовата банда на Индија е група жени кои не трпат насилство, а секако не се двоумат да покажат дека и жените имаат силна страна.

А бидејќи една жена во некои случаи не е доволна за да се пресмета со насилен маж, повеќе жени сигурно се!

Бандата била формирана откако Сампат Пал Деви, многу обична жена од едно село во северна Индија, била сведок на претепување на друга жена на улица. Обидувајќи се да ѝ помогне, и самата била претепана, но решила да не ги остави работите така. Следниот ден во придружба на пет жени го пронашла напаѓачот, кој потоа бил изрешетен со стапови.

Веста се рашири низ целиот свет, а набрзо многу жени решија да ѝ се придружат во се повеќе интервенции.

Откако во 2006 година одлучи дека на нејзиното сестринство му е потребна униформа, како и оригинално име, Пал Деви во знак на препознатливост ја одбрала розово сари – индиска женска народна носија, која означува женственост и потценетата сила.

Денес, бандата Гулаби ја презеде борбата против бројните неправди со кои се соочуваат во општеството – борба за образование на девојчињата, пријави за силувачи, насилни партнери, сексуални напаѓачи, корупција, не за склучување детски бракови, поттикнување на жените на финансиска независност и слично.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....