7.8 C
Скопје
01:39 - 29 март, 2024

Мрежа на љубовта: Како хормоните контролираат кого и колку го сакаме?

Љубовните чувства се компицирана комбинација на хемиja и психологијa. Па, поради тоа честопати се поставува прашањето дали љубовта може да биде вечна. Како хормоните контролираат кого и колку го сакаме?

„Неодамна се вљубив до уши, но моите цинични пријатели честопати ми велат дека љубовта не е коктел од феромон, допамин и окситоцин и се троши за неколку години. Таа мисла ме плаши и ми се чини дека љубовта е потполно бесмислена. Дали љубовта е навистина само хемија на мозокот?” – се запрашало едно момче.

Суштината на љубовта, барем на страсната романтична љубов, е да се вљубиме на прв поглед. Се вљубуваме „лудо, слепо, а не рационално“.

Што е тоа мрежа на љубовта?

Романтичната љубов е неодолива, мистериозна, додека од друга страна е многу едноставна, предвидлива и неизбежна. Сепак, според научните истражувања, не е лесно да се биде вљубен, ниту пак да се освои нечие срце.

Зошто е така? Сексуалните феромони, наменети за емитување на репродуктивните достапности кон другите, често се наведуваат како клучни инструменти за привлечност.

Освен тоа, некои истражувања укажуваат на тоа дека љубовта е многу сложена емоција во која учествуваат 12 области во мозокот, правејќи структура која се нарекува мрежа на љубовта.

Оваа мрежа на љубовта ја карактеризира на прво место рационалната страна. Надворешниот дел на мозокот е задолжен за свест, перцепција, размислување и расудување. Оваа област влијае на тоа како го перцепираме партнерот и зошто сметаме дека тој нè надополнува.

Таламусот е преносна станица која е главна за пренесување на сите нервни импулси во мозокот и претставува срце на мрежата на љубовта.

За емоционалната страна задолжена е комплексна структура на внатрешниот и надворешниот лимбички систем. Оваа област има активна улога во обработка на позитивните импулси: како што се уживање и награда, но и формирање добри и лоши чувства и исполнување на емоциите, а кога сме среќни, оваа област е исполнета со допамин.

Што се случува во мозокот кога сме вљубени?

Во фазата на привлечноста постојат хемиски супстанции кои го преплавуваат мозокот на почетокот на врската. Кога е подолга врската и се смирува и тестостеронот, естрогенот и сексуалната привлечност се намалуваат, тогаш се раѓа сериозната врска.

Допаминот кој го регулира центарот за уживање и ги одредува нашите емотивни реакции одговорен е за чувствата на еуфорија. Серотининот предизвикува опсесија и губење на апетит.

Фазата на приврзаност ја карактеризира врската на подолги патеки. Всушност, нападот на хемијата со текот на времето се намалува. Но, окситоцинот е хормон на љубовта и приврзаноста, чие ниво во крвта се подигнува кога сме вљубени, во текот на сексуалните односи, но и при породувањето и доењето.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....