21.8 C
Скопје
13:34 - 27 септември, 2026

„Мерцедес“ повлекува речиси милион постари возила поради проблем со сопирачките: Се работи за модели произведени помеѓу 2004 и 2015 година

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ повлекува речиси милион постари возила во светот поради можни проблеми со сопирачките, пишуваат медиумите во светот.

Компанијата во текот на викендот соопштила дека ќе стапи во контакт со сопствениците на одредени автомобили бидејќи нивните сопирачки можеби биле погодени од корозија. Повлекувањето се однесува на вкупно 993.407 возила, од кои 70.000 се во Германија, пишува Би-би-си.

Според написите, „Мерцедес“ повлече сличен број автомобили минатата година поради безбедносен проблем со нивниот систем за итни повици. Минатиот февруари, компанијата, според новинарските анализи, повлече повеќе од милион автомобили поради дефект во поставката eCall, која ги предупредува службите за итни случаи за несреќа и ја пренесува локацијата на возилото.

Компанијата соопшти дека возилата во ова повлекување биле произведени помеѓу 2004 и 2015 година и припаѓаат на сериите ML и GL на теренци и луксузни мини комбиња од класата R.

„Утврдивме дека кај некои од овие возила сопирачките може да бидат зафатени од корозија во пределот на куќиштето. Постои можност, особено силен маневар на сопирање да предизвика механички оштетувања на засилувачот на сопирачките“, соопштија од „Мерцедес“ пренесуваат медиумите во регионот.

„Во тој случај не би било можно да се забави возилото, што би го зголемило ризикот од судир или повреда“, појасниле од таму.

Од „Мерцедес“ соопштиле дека веднаш ќе почнат со повлекување на возилата и дека процесот ќе вклучува проверка на потенцијално неисправните автомобили и замена на делови, пишуваат медиумите.

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....