20.8 C
Скопје
18:32 - 27 септември, 2026

(ФОТО) Најпосакувано женско лице ги има веѓите на Џенифер Лопез, носот на Кејт Мидлтон, очите на Кира Најтли…

Познатиот хирург Џулијан Де Силва, со својот тим хирурзи го „создаде“ најпосакуваното лице на светот. Тој следел над 1000 барања во последните 10 години и како што вели, огромното мнозинство од неговите пациентки доаѓаат со слики од познати личности и барање „сакам да изгледаат вака“.

Откако ги собрал сите барања и направил фотографија од нив, заклучил дека најпосакуваните карактеристики се следните:

Веѓите на Џенифер Лопез

Иако пејачката секогаш изгледа добро, нејзините веѓи се дефинитивно посебни. Тие ја имаат токму таа совршена рамнотежа: не се ниту премногу дебели, ниту премногу тенки и имаат прекрасно дефиниран лак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Очите на Кира Најтли

Иако сините очи се претежно посакувани, сепак има нешто во заводлив и романтичен поглед на Кира Најтли.

Носот на Кејт Мидлтон

Според одредени истражувања, нејзиниот нос е математички совршен. Да постои совршен нос, би изгледал како носот на Кејт Мидлтон.

Усните на Пенелопе Круз

Повторно, убавината е во умереноста. Ниту преголеми, ниту премали, симетрични… Не е чудно што многу жени ги „средувале“ своите усни токму по моделот на убавата Пенелопе.

Вилицата на Шер

Жените се уште се согласуваат дека Шер ја има најубавата линија на вилицата.

Челото на Мајли Сајрус

Можеби никогаш не сте обрнале премногу внимание на челото, но според мислењето на многумина Мајли Сајрус го има најпосакуваното чело.

Јаболчниците на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли е апсолутно неверојатна, па не е чудно што се најде на оваа листа, но овој пат благодарение на нејзините совршени јаболчници.

Кожата на Рис Витерспун

Мазни, без прекумерни брчки, без проширени пори… кој не би го посакал тоа?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

Брадата на Селена Гомез

Гомез е секако убава, но кој би погодил дека нејзината брада е онаа која жените најмногу ја бараат?

 

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....