26.8 C
Скопје
09:59 - 20 јуни, 2026

Медицинска сестра во шок – жена со сексуално пренослива болест ѝ кажала како се штити од бременост: „Го користам тоа и затоа не можам да останам бремена“

Една медицинска сестра од итната служба на одделот за трауматологија на својот профил на Тикток откри како изгледала посетата на жена што дошла да се тестира за сексуално преносливи болести.

Преглед

Како дел од прегледот медицинските сестри земаат примерок од урина кој потоа го користат за правење на тест за бременост. „Кога и објаснивме дека ни е потребна урина за тест за бременост, таа рече дека нема шанса да биде бремена“, раскажува медицинската сестра.

Потоа и поставила две прашања на жената, дали има сексуални односи и дали користи заштита за време на сексот.

Кога таа одговорила дека има сексуални односи, но дека не користи контрацепција, медицинската сестра ја прашала како може да е сигурна дека не е бремена.

Неверојатна контрацепција

„Користев марамчиња за бременост“, одговорила пациентката и објаснила дека земала кутија со марамчиња што се користеле во болницата и ги употребувала пред и после сексот.

„Таа ми ги покажа овие марамчиња и ми рече: „Знаете, тоа се оние марамчиња што штитат од бременост, нема да забремените ако ги користите“, раскажува медицинската сестра.

„Потоа ѝ реков: „Како, по ѓаволите, мислиш дека ова спречува да забремениш“, а таа ми одговори:

Погледни ја етикетата, има прешкртано бебе, а тоа значи дека не можеш да забремениш“.

Медицинската сестра и објаснила дека симболот значи дека со тиа марамчиња не треба да се бришат бебиња, а не дека можат да спречат бременост.

Штетни марамчиња

„Ја прашав колку време ги користи и и кажав дека не треба да ги користи зашто се штетни за неа, а таа ми одговори дека ја украла кутијата пред два месеци и дека отприлика толку време ги употребува“, додава сестрата.

Се заразила со сексуално пренослива болест

Откако го погледнале видеото, останатите медицински сестри сакале да дознаат дали жената била позитивна на тестот за бременост, на што медицинската сестра одговорила дека не е бремена, но има сексуално преносливи болести и хемиски изгореници.

„Токму затоа децата треба да учат за репродуктивно здравје на училиште и дома“,

„Една 17-годишна девојка ми кажа дека нејзиното момче ја убедувало дека не може да забремени ако е на предното седиште од неговиот камион“, „Треба да носите ракавици за воопшто да ги користите“, се дел од коментарите за видеото.

@traumarn76

Whaaaa??? #tattooednurse #traumanurse #travelnurse #nursesoftiktok #cantmakethisup #howdumbareyou #smh #foryoupage #foryou

♬ original sound – The real TraumaRN76

Слични објави

„Не е гордост да имаш родители со пари и бизниси“: Јоце Панов искрено за тешкото детство

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 јуни: Искористете ја можноста за отворени разговори

apostolova

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо
Се вчитува....