03:52 - 7 ноември, 2026

ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ – „луди“ по УТРИНСКИ СЕКС: Никогаш не ги одбивајте наутро!

Кој секс повеќе го сакате, утрински или ноќниот, или можеби преферирате секс преку ден. Доколку спаѓате во еден од овие хороскопски знаци тогаш на вас ви е омилен утринскиот секс. Затоа што за вас важи онаа… зарем има нешто подобро од пиење на утринското кафе после оргазам?

1. Овен

Овните се познати по својот ентузијастичен и енергетски дух, и едноставно не можете да бидете таква личност ако не сте ранобудници што едвај чекаат да ги отворат очите и да го почнат денот. Зошто да спиете, кога можете да бидете будни, и зошто само да лежите во кревет, кога можете да имате секс со партнерот? За нив, тоа е најдобриот начин за започнување на денот. Од друга страна пак, Овните имаат моќен сексуален апетит и обожаваат да имаат секс секогаш кога желбата ќе им се појави, па затоа се и познати по сексот во јавност.

2. Бик

За топлите и емоционални Бикови, утринскиот секс е нешто што природно се случува – постојано. Тоа е така затоа што овој знак што е под водство на Венера, едноставно сака да биде што е можно поблиску до саканиот или саканата, од моментот штом ќе се разбуди. Тие живеат за физички допири, за оние утрински прегратки што почнуваат невино, но преминуваат во страсно водење љубов. Биковите едноставно сакаат да се чувствуваат поврзано со партнерот, па ако тоа значи секс дури и пред алармот, нема да се побунат.

3. Јарец

Како и повеќето нешта со овој знак, се се сведува на амбицијата и вложување максимален труд за добивање најдобра функционалност. Ова можеби не звучи како секси причина за утринско љубење, но не заборавајте дека Јарците се во најдоброто светло од сабајле. Тие го гледаат секое утро како нова можност за освојување на светот и остварување на сите свои цели. Со истата енергија се вложуваат и во љубовта. Од друга страна пак, после толку многу обврски, Јарецот е преморен навечер, па последното нешто што сака да го прави пред спиење е сексот.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....