19.8 C
Скопје
05:36 - 21 август, 2026

Кога љубомората ја „гризе“ врската

Не постои човек кој не ја почувствувал љубомората. Таа може да се појави во секоја врска и во секое време. Никој не е заштитен од љубомората. Љубомората во врската е многу покомплексна отколку што можеме да си замислиме. Таа претставува збир на емоции како страв, лутина, тага, болка и завист.

Понекогаш зад љубомората се крие и желба за контрола на партнерот.

И мажите и жените чувствуваат љубомора, но ја демонстрираат на различен начин. Жените почесто ја покажуваат, поради тоа што повеќе им посветуваат внимание на своите чувства и не се плашат да ги споделат со другите.

Од друга страна, мажите се обидуваат што поретко да ги изразуваат своите чувства, но кога се љубоморни, тие ја демонстрираат љубомората на поексплозивен начин.

Љубомората е едно од оние чувства кои треба добро да ги контролирате. Присуството на мала доза љубомора во врската може да има позитивен ефект. Тоа ги поттикнува партнерите да се почитуваат и ценат еден со друг, а може и лесно да ја вжешти атмосферата во спалната.

Но, секоја врска си има свои непишани правила и вие треба да знаете да се придржувате до нив. Пред да започнете со љубоморни сцени, потребно е да процените колкава доза на љубомора поднесува вашиот партнер. Никогаш не треба да претерувате, затоа што лесно може да „му се качите на глава“ и да го оттурнете од себе.

Не се ретки случаите каде мажите изневерувале точно поради тоа што постојано живееле со сомнежите и обвинувањата на својата партнерка.

Затоа, научете која е точната доза за вас и понекогаш „глумете“ љубомора за вашиот партнер да почувствува дека имате силни чувства кон него и дека е почитуван од вас. Но, правете го тоа само ако знаете да си поставите граница.

Слични објави

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Необична просидба: Немал пари да купи веренички прстен, па ја запросил со маче

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

Каков фустан да избереме кога сакаме да оставиме впечаток? „Прагма“ го има одговорот

Еспресо
Се вчитува....