18:54 - 7 ноември, 2026

Каде вечерва: На промоција на сликовницата „Пргав зајак“ од Пандалф Вулкански и Будимка Поповска

Во петок, 17 март, со почеток од 20 часот, во просториите на Галерија Метаноја (ул. Максим Горки бр.19) ќе се одржи промоција на сликовницата со наслов „Пргав зајак“. Станува збор за сликовница чиишто автори се Пандалф Вулкански (текст) и Будимка Поповска (илустрации).

Пандалф Вулкански е псевдоним на писателот Никола Гелевски. Станува збор за искусен автор со богат книжевен опус кој зад себе има претежно експериментална поезија и проза, и за деца и за возрасни. Работи и како уредник, преведувач и издавач.Добитник е на наградите „Тоде“ (2023), „Девет преобразби во чудната шума (2021)“ (поезија за деца), влегол во најтесниот круг за престижната наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а во 2007 ја добил наградата „Борјан Таневски“ за најпроминентен колумнист на годината.

Будимка Поповска е писателка, поетеса и уметница од Скопје. Студирала класична филологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1996 до 2015 живее во манастир, каде што ја изучува старата македонска школа на цртање икони. Истовремено го уредува списанието за духовни вредности „Премин“ (од 2000 до 2012г.) и учествува во бројни телевизиски и радио документарни емисии од областа на духовноста. Истовремено објавува текстови во дневните весници „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Утрински весник“.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....