10.8 C
Скопје
09:28 - 18 октомври, 2026

Денот кога исчезнаа врапчињата: Фатални последици од Кампањата против четирите штетници на Мао Це Тунг (ВИДЕО)

Еколошките катастрофи се чести во историјата на човештвото, но ретко може да се споредат со онаа која започна во 1958 година во Кина. Тогаш Мао Це Тунг, лидерот на Народна Република Кина, наредил сите врапчиња во земјата да бидат убиени.

Зошто му пречеле несреќните врапчиња?

Мао одлучил дека врапчињата се штетници и воопшто не и се потребни на Кина. Она што тој го знаел е дека врапчињата јаделе премногу жито и му се чинело рационално дека убивањето на птиците ќе значи повеќе храна за луѓето.

Јасно е дека Мао не бил некој голем љубител на животни, но зачудува тоа што не знаел ништо за важноста на синџирот на исхрана и за улогата на секоја алка во него.

Според Мао Це Тунг, врапчињата застанале на патот на економскиот развој на Народна Република Кина. Во текот на следните три години 45 милиони луѓе починале од глад предизвикан од лошото управување со економијата, државниот терор и еколошката катастрофа, пишува Vintage News.

Со тапани ги терале да летаат сè додека не умрат

Facebook

Мао Це Тунг презел неколку масовни кампањи во обид да го модернизира и подобри животот во Кина. За таа цел требало да послужи и кампањата против врапчињата, која ја сметал за еден од главните делови на неговата програма наречена „Голем скок напред“,

Тој економски и социјален план бил на сила од 1958 до 1961 година, а целта била да се искористи огромната популација на Кина за брзо да ја трансформира земјата од земјоделска економија во модерна индустријализирана.

принтскрин

„Кампањата против четирите штетници“ била насочена против стаорците, мувите, комарците, но првенствено кон врапчињата. Населението било поттикнувано да ги убива овие животни колку што може повеќе.

Луѓето биле мобилизирани за искоренување на птиците. Користеле тапани за да ги исплашат птиците при слетувањето, принудувајќи ги да летаат сè додека не умрат од исцрпеност.

Луѓето ги туркале гнездата на врапчињата и пукале во врапчиња во воздухот. Резултатот од кампањата било доведување на птиците до раб на истребување низ целата земја.

Нема податоци за тоа колку точно врапчиња имало во Кина во 1958 година, а не се знае ни колку точно биле убиени, но поморот бил ужасен, а тоа довело до огромни проблеми следната година – големо зголемување на бројот на инсекти на нивите.

Слични објави

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо
Се вчитува....