23.8 C
Скопје
15:30 - 20 октомври, 2026

Божиќната песна поради која војната запре на три минути (ВИДЕО)

божиќ

Можеби најпознатата песна на божиќниот период, „Тивка ноќ, света ноќ“, минатата година прослави 200-годишнина од кога е создадена. Настанала во австрискиот град Оберндорф покрај Салзбург, градот на Моцарт со богата музичка традиција.

Изминативе два века стана културен феномен, преведена е на повеќе од 300 јазици и дијалекти, вклучувајќи го и латинскиот, а во 2011 година е додадена на листата на УНЕСКО за недопрено културно наследство.

Ја пееле скоро сите пејачи во светот, од Бинг Крозби до Мараја Кери.

Песната, во буквална смисла, инспирирала мир. На Бадник 1914 година, на почетокот на Првата светска војна, војниците во Фландрија во рововите го оставиле своето оружје и шлемовите и заедно запеале.

Животите на луѓето кои стојат зад песната всушност се поврзани со неколку села околу Стразбург, каде што работеле, но сè почнува во Оберндорф, малото село на реката Салзах, околу 20 километри северно од Салзбург.

На Бадник 1818 година, Мохр го замолил пријателот Грубер да му помогне со музиката за поемата што ја напишал две години претходно. Среќен со резултатот, Мохр песната ја вклучил во кратката церемонија таа иста вечер.

Што точно е инспирација за песната и денес не се знае.

Некои шпекулираат дека инспирација можеби била желбата за мир по војните на Наполеон кои беснееле од 1803 до 1815 година и предизвикале економски и хуманитарен хаос. Во тој период Европа ја искусила и „годината без лето“, месеци постудени од обично, што довело до пропаѓање на посевите поради вулканската ерупција во Индонезија една година претходно.

„Не знаеме како луѓето реагирале ниту дали песната се пеела во текот на следните години, но очигледно го пронашла својот пат“, вели Михаел Неуреитер, кој за историјата на песната напишал и книга.

Која и каква и да била приказната за поемата на Мохр, едноставната мелодија и порака за мир резонирале меѓу оние што ја слушнале и така „Тивка ноќ, света ноќ“ полека го освоила светот.

 

 

 

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.
Се вчитува....