6.8 C
Скопје
03:18 - 26 април, 2024

Овие 3 хороскопски знаци покрај тоа што се прекрасни партнери, ќе ви бидат и најдобар пријател

Иако сите астролошки знаци доколку се со вистинската личност, може да ги играат двете улоги, постојат знаци на кои оваа двојна улога им доаѓа едноставно природно, така што истовремено може да бидат и пријатели и љубовници.

БИК

Доколку сакате да имате љубовник и најдобар пријател, пронајдете Бик. Тој е срдечен, великодушен и посветен партнер. Секогаш можете да се потпрете на Бикот, ќе ви го чува грбот во секоја ситуација. Бикот е првата личност која на своите пријатели и партнер ќе им понуди рамо за плачење. Тој сака да го направи најдобриот живот, па сака тој кому ќе одлучи да му го подари своето срце, да не биде само љубовник, туку и вистински рамноправен партнер со кој ќе го гради својот живот.

ЛАВ

Лавот е олицетворение на фразата „Живеј, смеј се и сакај!“. Лавот има безгрижен пристап кон животот и романтиката, па ги бира партнерите со кои ќе може одлично да се забавува. Лавот бара партнер кој искрено ќе го почитува и обожава таков каков што е, а тој на својот партнер за возврат ќе му подари потполна верност. Овој знак е драг и верен, што го прави совршен партнер. Лавот во секој разговор внесува топлина и ведрина, што е во потполност складно со неговата владеечка планета, Сонцето.

ДЕВИЦА

Не постои работа која Девицата не може да ја направи за луѓето кои ги сакаат, освен тоа што може да се воздржат од непосакувана конструктивна критика, но тоа го прават со љубов. Освен таа критичка страна, Девицата е одличен партнер и најдобар пријател, бидејќи сите свои врски ги сфаќа сериозно. Овој знак верува дека треба секогаш да биде тука и да се грижи за луѓето кои ги сака, бидејќи така од нив може да очекува дека ќе се појават кога ќе ѝ бидат потрени, во среќни или тажни моменти. Тие се во прв ред кога треба да ве бодрат, но и први кога треа да ви помогнат да се вратите на нозе.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....