23:14 - 22 декември, 2024

СРОДНИТЕ ДУШИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Како да ги изберете?

Сте се запрашале некогаш што астрологијата може да ве научи за изборот на вашата сродна душа?

Еве го одговорот.

Овен – Самоуверен и амбициозен партнер

Овните сакаат да го живееат својот живот со полна пареа и брзо. Секако дека флегматичен и незаинтересиран партнер не доаѓа предвид! Тие не сакат да си го трошат времето на ништавило, туку сроден партнер за нив би бил оној кој ќе ги следи во чекорот, а уште подобро некој кој ќе го форсира брзото темпо на живот. Секако, тој/ таа треба да е стабилен и самоуверен, преземлив и да не се плаши да ризикува.

Бик- лојална и романтична личност

Бикот сака неговиот партнер да не ги „вади“ очите од него и секаде да го следи и со поглед. Ако го најдат, засекогаш ќе останат со него/неа. Но, подеднакво им е важен партнер кој исто како нив, домот ќе го стави на прво место. Идеална сродна душа за Биковите е доверлива личност, лојална, амбициозна, но која игра на сигурно и не ризикува. Сакаат и романтични типови кои ќе направат да се чувствуваат како да се единствени на светот!

Близнаци – партнер со многу хумор и паметен/а

За Близнаците е многу важно да не се здодеваат во друштво на својот партнер. Тие имаат истенчен вкус при избирањето, па бидете среќни ако токму вам ви закажале состанок! Идеална сродна душа за Близнаците е забавен партнер, паметен и многу интересен. Добро е и ако партнерот се разликува од нив во многу нешта, што ќе ги тера да откриваат и нешто да научат од него.

Рак – сочувствителна и интелигентна личност

Раковите имаат големо срце и многу љубов за давање. Ним им е потребен интелигентен партнер, но и посветен за да се чувствуваат посебни покрај него/неа. Важна им е и сочувствителноста, зашто и самите тие не се себични и не сакаат себични луѓе.

Лав – самоуверена и мистериозна

Лавот го привлекуваат мистериозни и самоуверени личности. Нивната сродна душа ја гледаат во партнер кој е предизвикувачки, има авантуристички дух, но исто така, партнерот мора да биде и интригантен за постојано да ги држи во „неизвеснот“. А на моменти, мора да им се „потчинува“ со зборовите колку се тие прекрасни (хранејќи го егото на Лавот)!

Девица – софистицирана и комплексна личност

Идеален партнер за Девицата е личност која е повеќеслојна, комплексна, но многу софистицирана. Но, многу им е важно и партнерот да биде амбициозен за заедно да се туркаат во животот напред. Девиците се „ежат“ на типови кои се излежуваат и не прават ништо (посебно) во животот. Секако, нивниот партнер мора да биде и лојален, какви што се тие.

Вага – убава и паметна, речиси совршена личност

Вагите го избираат најдоброто за себе, тие бараат партнер кој безмалку треба да биде совршен – и убав и паметен и софистициран и самоуверен и успешен… Тие буквално ја сакаат физичката убавина која им е многу важна, но без интелигенција, повторно нема да преземат ништо. Сродна душа за Вагата е онаа која точно знае што тие сакаат!

Шкорпија – страствена и предизвикувачка личност

Кога сте со Шкорпија, треба да сте сигурни дека нивната љубов е длабока, интензивна и необична. Тие бараат партнер кој ќе ги охрабрува, турка нанапред и ги предизвикува, личност која исто така, ќе го распламтува нивниот внатрешен оган. Тие сакаат и малку мистерија и интригантност.

Стрелец – отворена личност со слободен дух

На Стрелецот му е најважна слободата и независноста и не сака личност која не е позитивна или која се лути. Идеална сродна душа за нив е забавна личност, со отворен ум кон животот. Таа личност никако не смее да им поставува граници, а уште подобро ако има и авантуристички дух и страст за патувања.

Јарец – горда и „класи“ личност

Сродната душа за Јарецот е личноста која има многу стил и која знае што сака во животот. Секако, Јарецот бара и интелигенција, но уште поважна му е гордоста кај партнерот. И последно, но не помалку важно, личноста мора да им биде многу лојална!

Водолија – посветена и забавна личност

Водолиите сакаат да се забавуваат и бараат друштво за тоа. Затоа, идеалниот партнер за нив мора да биде пред се забавен, но и доволно да им се посвети. Водолиите ги привлекуваат и личности со нагласена смисла за хумот. Ако не можете да ги насмеете, самите шкртнете се од нивниот список!

Риби – самоуверена и креативна личност

Рибите живеат во некој свој свет и никогаш животот не го сфаќаат премногу сериозно ни буквално. Идеална сродна душа за нив е партнер со здрава доза на самоувереност, малку „див“ и со креативен ум кој размислува на нелинеарен начин. Важно им е партнерот да биде комуникативен за да можат да разговараат со него и длабоко да ги разбира.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....