22.8 C
Скопје
14:39 - 20 октомври, 2026

Паричен хороскоп за АПРИЛ: Кој да избегнува кредити, а еден знак најдобро ДА НЕ ВЛЕГУВА ВО БАНКА!

Распоредот на ѕвездите во април укажува дека четирите знаци на Зодијакот треба да внимаваат на парите!

Дознајте дали сте меѓу нив и дали ќе мора да „врззувате крај со крај“ овој месец.

БИК

На почетокот на април Биковите ќе имаат помали проблеми на работа, кои подоцна би можеле да се одразат на нивните финансии. Важно е да не го расипете односот со шефовите, бидејќи припадниците на овој знак знаат да бидат нервозни во напната средина, иако трпението и трудољубивоста се нивните главни карактеристики. Астролозите ги предупредуваат Биковите да бидат крајно внимателни со парите во април, последиците ќе бидат долгорочни. Не им се советува да позајмуваат пари на други, ниту да позајмуваат самите, а неопходно е да се избегнат високите трошоци.

РАК

Раковите по природа се практични и рационални – овие квалитети ќе им бидат покорисни во април од кога било досега. Финансискиот хороскоп за Раковите советува да се воздржите од непотребно трошење. Астролозите предупредуваат дека ќе се соочите со многу искушенија. Ако подлегнете на нагонот за трошење, во иднина ќе ви оди лошо. Ве очекува многу напната ситуација со парите! Затоа, ова дефинитивно не е период за подигнување на кредити од банка бидејќи постои ризик да направите многу лош договор.

РИБА

Позицијата на ѕвездите во април не е најповолна, астролозите ги предупредуваат Рибите да бидат внимателни на полето на финансиите. Овој месец е премногу ризичен за земање кредити, големи набавки или големи зделки од кои се очекуваат значителни профити. Ова особено важи за договори за недвижности. Астролозите ги советуваат Рибите да не брзаат кога станува збор за овие работи, во спротивно голема е веројатноста да доживеат фијаско.

СКОРПИЈА

Претставниците на овој хороскопски знак најчесто избегнуваат непотребни трошоци. На работа се многу фокусирани на исполнување на обврските. Ѕвездите препорачуваат да обрнете внимание на колегите во април и да се обидете да воспоставите подобра врска со нив. Можни се големи загуби доколку ги немаат сите потребни информации, а во тоа можат да им помогнат само – колегите. Астролозите ги советуваат Скорпиите да бидат трпеливи и да не ризикуваат, туку да ги остават парите на страна и подоцна да инвестираат во проверени работни проекти.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (4. -10.април): Романтика за Раковите, добри вести за Лавовите, љубов за Рибите и Биковите…

Слични објави

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.
Се вчитува....