12.4 C
Скопје
05:41 - 30 септември, 2026

Последната Мис на Југославија уапсена поради елитна проституција: Напаќале од 1.000 до 5.000 евра по ноќ за сексуални услуги

Последната мис на Југославија фатена во голема акција: Славица Дајана Трипуновиќ уапсена поради елитна проституција

Славица Дајана Трипуновиќ, поранешна мисица и српска музичарка, беше уапсена пред неколку дена во голема акција на српската полиција, пишува radiosarajevo.ba. Полицијата со месеци го следеше синџирот на елитна проституција, а на крајот на минатата недела беа уапсени неколку лица, меѓу кои и девојки кои наводно се проституирале, а уапсени се и нивните макроа, пишува RTL.hr.

Меѓу уапсените имало и неколку познати имиња, меѓу кои две риалити ѕвезди и 51-годишна пејачка. Девојките наводно земале од 1.000 до 5.000 евра по ноќ за сексуални услуги.

Како што пишува Курир, последната Мис на Југославија, која учествуваше и на изборот за Мис на светот, е фатена „на дело“.

„Славица Трипуновиќ е уапсена во голема акција во која биле фатени и госпоѓата Јелена Јојиќ од Белград, менаџерот на пејачката Каја Остојиќ, Душан Бањац и внукот на српската музичарка Ера Ојданиќ, Никола Анѓелиќ. Славица Трипуновиќ и Мартина Рајиќ, поранешна ријалити ѕвезда и Плејбој зајачица биле фатени на дело, но брзо биле пуштени од притвор затоа што биле казнети“, изјави извор за Курир.

Инаку, Славица стана мис на Југославија во 1991 година, а потоа започна нејзината музичка кариера. Набрзо го добила уметничкото име Дијана, а пред 13 години учествувала во реално шоу.

Спрските медиуми пишуваат дека таа е кума на пејачката Лепа Брена и пензионираниот тенисер Слободан Бобо Живојиновиќ. Според Курир, славниот пар се откажал од долгогодишните пријатели откако дознале дека наводно имаат врска со елитна проституција во Србија. 

УАПСЕНИ ВИП ПРОСТИТУТКИ ВО БЕЛГРАД, откриен ценовникот: Познати пејачки и старлети правеле оргии со политичари и бизнисмени, главна била Јелена Јојиќ

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....