01:33 - 11 ноември, 2026

НА ГРЕМИ со Џон Леџенд: Која е украинската поетеса Љуба Јакимчук

Која е Љуба Јакимчук, украинската поетеса која на сцената на Греми се појави во друштво на Џон Леџенд. 

Веднаш по говорот на претседателот Володимир Зеленски, поетесата ја прочита песната Молитва, преземена од збирката „Кајсија од Донбас“. Писателката живее во Киев со нејзиниот сопруг Макс Росочински и нивниот 11-годишен син, а сега патува низ светот за да зборува за трагедијата на војната.

„Помогнете ни, но не со молчење. Пополнете ја тишината на смртта со вашата музика“, беа зборовите што Володимир Зеленски ги изговори во видео пораката емитувана за време на церемонијата Греми 2022, која се одржа во Лас Вегас. Веднаш потоа на сцената се качи Џон Леџенд во придружба на украинската поетеса Љуба Јакимчук.

Веднаш по говорот на претседателот на државата која е под опсада, уметникот ја изведе својата песна Free, придружуван од украинските музичари Сиузана Иглидан и Мика Њутн. Љуба Јакимчук, пак, додека фотографии од војната беа проектирани на екраните зад неа, ја читаше поемата „Молитва“.

За многумина тоа беше најемотивниот момент на целата вечер Греми: песната што ја прочита писателката припаѓа на збирката напишана во 2015 година, но актуелна е повеќе од кога било. Јакимчук, родена во 1985 година, израснала во Первомаиск, мал рударски град во близина на Луганск, во индустрискиот исток на Украина.

Дипломирала на Националната академија на Универзитетот Киев-Мохила и кога градот во кој пораснала бил окупиран од руските сепаратистички сили во 2014 година, нејзините родители и сестра ѝ се раселиле на различни страни од државата. Токму од ова искуство се родила книгата песни „Кајсијата од Донбаск“.

Сега, во 2022 година, сеништето на војната за Љуба Јакимчук и нејзиното семејство се врати: поетесата моментално живее северно од Киев со нејзиниот сопруг Макс Росочински и нивниот 11-годишен син. Поради руската инвазија на Украина, момчето било испратено кај некои роднини кои живеат во Лавов. Писателката пак, успеа да отпатува за да зборува за воената драма на културни настани во Париз, Варшава и во Шкотска, а сега и во Лас Вегас на Греми наградите.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....