Овен
ЉУБОВ: Вашата привлечност е на врвот. Венера во Лав ги буди страстите и ве става во центарот на вниманието, правејќи ве неодоливи. Во постојните врски страста повторно се разгорува, а сингл лицата лесно привлекуваат нови можности.
РАБОТА: Енергични сте, амбициозни и сите обврски ги извршувате со леснотија. Среда, 17 јуни, е вашиот среќен ден – идеален за претставување креативни идеи кои би можеле да ви обезбедат напредок. Не се плашете да преземете водство.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: На работ сте на исцрпеност поради преземање туѓ товар. Научете да кажувате „не“ и поставете јасни граници за да ја зачувате сопствената енергија. Време е свесно да се повлечете и да се одморите.
Бик
ЉУБОВ: Поврзаноста со саканата личност се зајакнува преку длабоки разговори на необични теми. Сингл лицата трагаат по сродна душа, а не по минлива авантура. Петок, 19 јуни, носи сознание дека не мора сè да носите сами.
РАБОТА: Личните проекти имаат огромен потенцијал за успех, особено во првата половина од неделата. Дејствувањето „од сенка“ и смирениот, стабилен пристап ќе донесат најдобри резултати. Вашата креативна енергија цвета во домашна средина.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Промените околу вас предизвикуваат немир. Наместо грчевито да се држите за старите навики, отворете го срцето и признајте си ги стравовите. Прифаќањето е клучот за вашиот внатрешен мир оваа недела.
Близнаци
ЉУБОВ: Друштвениот живот е во прв план, но нема да ја занемарите ни саканата личност. Успевате да балансирате сè. Младата месечина од минатата недела ви отвора ново, моќно поглавје во животот. Понеделник, 15 јуни, ви носи ненадејни идеи за тоа кој сакате да станете.
РАБОТА: Сега кога имате појасна слика каде сакате да одите, планетите ви даваат алатки тоа и да го остварите. Вашата интелигенција и духовитост доаѓаат до израз, особено кон крајот на неделата под влијание на Месечината во Девица.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Време е за внатрешно чистење. Ги преиспитувате односите што ви ја црпат енергијата и сфаќате дека, во желбата за мир, сте прифаќале премалку. Не ги занемарувајте сопствените потреби.
Рак
ЉУБОВ: Почетокот на неделата носи исцелување и утеха, со Месечината во вашиот знак. Љубовта можете да ја пронајдете на патување или на необични, неочекувани места. Недела, 21 јуни, го означува почетокот на вашата сезона и лична нова година.
РАБОТА: Средината на неделата го насочува фокусот кон финансиите. Спојот на Месечината и Венера во Лав може да ве поттикне на трошење, но и на посериозен пристап кон финансиската состојба. Можно е појавување на нова мотивација на работното место.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Емоционално сте исцрпени бидејќи сте станале прибежиште за проблемите на сите околу вас. Време е да ги затворите вратите за туѓите драми и да се посветите на себе. Одморот ви е неопходен.
Лав
ЉУБОВ: Ве очекува возбудлива недела со Венера во вашиот знак, која ви дава дополнителна доза на самодоверба и енергија. Среда, 17 јуни, е вашиот ден за лансирање идеи, преговори во врска или едноставно уживање во љубовта.
РАБОТА: На почетокот на неделата сте фокусирани на успехот и сфаќате колку можете да постигнете со поддршка од другите. Средината на неделата, Месечината во вашиот знак носи смирувачка енергија и радосни моменти.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Вашата горда надворешност крие длабока желба за нежност. Соблечете ја маската на непобедливост и дозволете си ранливост. Не мора секогаш да бидете најсилни. За викендот забавете и одморете се.
Девица
ЉУБОВ: Фокусот е на пријателствата, а вие станувате посочувствителни и поспремни да им помогнете на оние кои ви се важни. Вашите љубовни случки стануваат тема на разговор во друштво, каде што сте популарни и забавни.
РАБОТА: Важни разговори поврзани со кариерата се во тек. Понеделник, 15 јуни, носи искра на инспирација за деловниот живот. Следете неочекувана насока или предложете идеја која изгледа премногу смела.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Вашата потреба за контрола се судира со реалноста. Плановите може да се распаднат, што создава напнатост. Искористете го тоа како лекција за пуштање и флексибилност.
Вага
ЉУБОВ: Се соочувате со последиците од вашата склоност да им удоволувате на сите. Чувството на празнина ве поттикнува јасно да го изразите својот став, дури и ако некому не му се допаѓа. Тоа ќе ви ја врати внатрешната сила.
РАБОТА: Се чувствувате подготвени да преземете контрола и водство. Недела, 21 јуни, е идеален ден да решите да побарате покачување, да аплицирате за работа или конечно да ја преземете титулата што ја заслужувате. Брзите одлуки се подобри од предолго размислување.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Балансот меѓу работата и приватниот живот е клучен. Потребен ви е одмор и релаксација дома. Јасното изразување став ќе донесе краткорочен немир, но долгорочно – самопочит.
Шкорпија
ЉУБОВ: Засилените емоции би можеле да ја нарушат вашата врска. Се чувствувате доволно силни за донесување тешки одлуки. Водната енергија на почетокот на неделата ве поттикнува да бидете победник во сè што правите.
РАБОТА: Средината на неделата открива што сакате да постигнете во следната година. Венера во Лав служи како вовед во она што го носи транзитот на Јупитер. Внимателното планирање ќе ви помогне да остварите стабилен напредок.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Опседнати сте со ситуација од минатото која ви ја црпи енергијата. Враќањето наназад ја труе вашата сегашност. Искористете ги овие денови за свесно простување и ослободување од товарот.
Стрелец
ЉУБОВ: Сакате да заведете личност која ви се допаѓа, но околностите можеби нема да ви одат во прилог. Бидете трпеливи. Сингл лицата лесно влегуваат во нови познанства, но ги интересираат само подлабоки односи.
РАБОТА: Ве очекува неочекуван и поволен деловен предлог. Иако на почеток ќе бидете изненадени, брзо ќе сфатите дека се работи за добра можност. Петок, 19 јуни, е ден за ресетирање на вашите работни навики.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Се чувствувате ограничено, а внатрешниот немир може да ве наведе на непромислени одлуки. Вистинскиот предизвик не е недостаток на слобода, туку недостаток на фокус. Свртете се кон себе, наместо да барате возбуда надвор.
Јарец
ЉУБОВ: Станувате поотворени и подружељубиви. Сингл лицата би можеле да запознаат некоја нова љубов преку пријатели, додека зафатените ќе уживаат во излегувања. Петок, 19 јуни, отвора нежно и ветувачко поглавје во вашиот љубовен живот.
РАБОТА: Односите се во фокус, а Јупитер во Рак носи јасност и разбирање во партнерствата. Се стремите кон високи цели, а околностите и луѓето ве поддржуваат. Можни се помали предизвици со претпоставените.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Под голем товар сте бидејќи мислите дека сè зависи од вас. Време е со доверба дел од да обврските ги препуштите на други. Не заборавајте на одмор – клучен е за вашата благосостојба.
Водолија
ЉУБОВ: Можна е потреба од дистанца од саканата личност, но сепак ќе останете расположени за забава. Недела, 21 јуни, носи среќа ако кажете „не“ на една обврска и „да“ на вашето тело и одмор.
РАБОТА: Дневните рутини се во фокус. Месечината во Рак ве потсетува да останете организирани. Средината на неделата носи полесна комуникација со партнерите. Соработките за нови проекти се добро поставени.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Го преиспитувате вашиот социјален круг и сфаќате кои ви се вистински пријатели. Тоа сознание може да биде болно, но ве ослободува од илузии и ве зајакнува за иднината.
Риби
ЉУБОВ: Пред вас се убави љубовни денови. Месечината во Рак на почетокот на неделата носи романтика и љубов. Недела, 21 јуни, го осветлува вашиот сектор на задоволство, креативност и романса, правејќи ве магнет за убави нешта.
РАБОТА: Финансиската состојба се подобрува. Добивате можност да ја покажете вашата вредност, а можна е и нова, поодговорна улога или интересна понуда. Вашиот труд конечно ќе биде препознаен.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Вашата склоност кон бегство во свет на фантазија се соочува со реалноста. Потиснат конфликт или страв излегува на површина. Соберете храброст и соочете се со тоа – тоа е патот кон исцелување.
