18:58 - 24 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ доживела страшен пад на Бали! Завршила во количка поради повреда

Српската пејачка Марија Шерифовиќ доживеала непријатна несреќа во текот на одморот на Бали, поради што заврши во итната помош среде ноќ.

По случаен пад по скалите, Марија веднаш побара медицинска помош поради силни болки, плашејќи се дека претрпела посериозна повреда.

Таа отворено проговори за сè во својот најнов влог на Јутјуб, каде што им откри на своите следбеници низ каква драма поминала во текот на престојот на егзотичната дестинација.

– Сега е петок, 23:46 часот. Во такси сум, на пат кон болница. Во автомобил сум со непознат човек кого го познавам буквално 60 минути. Значи, ситуацијата е следна: Легнав да спијам и сè беше во ред. Ги облеков своите кроксици за да се симнам по скалите и да ѝ дадам на мајка ми лекови против болки. Паднав и сега ќе видам дали ќе го продолжам одморот на мир или во гипс, на патерици или во лонгета – раскажа пејачката која купува куќа на Бали.

Во својот влог, Марија сподели и снимки од болницата, на кои се гледа како ја носат на прегледи во инвалидска количка. Како што призна, болката што ја трпела била неподнослива.

– Никогаш не сум почувствувала толку голема болка, никогаш во животот – рече видливо вознемирената пејачка.

По деталните прегледи, лекарите откриле дека нема скршеници на коските, но дека повредата е сепак сериозна.

– Коските не пукнале, се чини дека лигаментите ми се скинати. Немаше мрдење, фиксирана нога, мраз, инјекции… Одам на патерици, пет метри ми требаат пет минути – откри Марија.

Иако повредата барала одмор и терапија, пејачката не дозволила тоа да ја спречи. По враќањето во Белград, таа веднаш продолжила со закрепнувањето и терапиите, а покрај проблемите со ногата, успеала да го одржи закажаниот концерт во Сава центарот.

 

 

Слични објави

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.
Се вчитува....