11:17 - 4 ноември, 2026

Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ раскинаа! Актерот веднаш почна да освојува нова девојка, исплива преписка

Пејачката Сара Јовановиќ, позната и како Сара Јо, и актерот Алексеј Бјелогрлиќ повеќе не се заедно. Барем така тој тврди во преписката со непозната девојка на која ѝ пишувал на Инстаграм, до која дошол српски „Курир“.

Тој наведува дека врската со Сара е стара приказна и се обидува да закаже состанок со девојката што му го привлекла вниманието, а која се занимава со тетоважа.

Доцна во ноќта Алексеј ѝ испратил порака, а по начинот на комуникацијата би се рекло дека веќе се познаваат.

– Кога се враќаш? – ја прашал Алексеј девојката.

– Наскоро, зошто? – му одговорила таа.

– Онака, за некој пијалак да ми покажеш ми каде би ми ја нацртала таа тетоважата – продолжил Бјелогрлиќ.

– Извини, а Сара Јо – девојката го потсетила Алексеј на пејачката, по што следел неговиот одговор за раскинувањето.

– Хаха, каква Сара, беше па помина, готово е веќе две недели… Заборави го тоа што медиумите го зборуваат, стара приказна. Значи, ќе го сфатам тоа како одговор дека може – не се откажал Алексеј.

Да потсетиме дека неодамна социјалните мрежи, а потоа и медиумите, беа преплавени со информации за врската меѓу Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ. Приказните започнаа веднаш откако се дозна дека Сара ја раскинала петгодишната врска со словенечкиот кореограф и танчар Жига Слотар, со кого планираше венчавка.

Двајцата се појавија заедно кон крајот на март на настан на кој пејачката зборуваше за венчавката.

– Се надевам дека свадбата нема да биде толку сложена. Нам ќе ни биде доволно да пее Чола – рекла Сара Јо, а нејзиниот партнер додал дека присуството на Здравко Чолиќ ќе биде сосема доволно.

Иако ниту таа ниту Алексеј не даваа изјави за нивната љубов, пејачката ги потврди приказните кога објави фотографија од него како се смее.

Пред Сара, Бјелогрлиќ беше во врска со манекенка со кој се појави јавно во јануари оваа година на премиерата на филмот „Свадба“ во Белград. Дваесет и двегодишната Јелена е исто така студентка по глума на ФДУ.

Инаку, Алексеј е син на познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ.

 

Слични објави

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо
Се вчитува....