5.8 C
Скопје
07:31 - 19 април, 2024

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Месецот декември ќе заврши со влегувањето на планетата Јупитер во знакот на Риби, која наскоро ќе донесе добри вести за сите водни знаци. А вие, во знак сте родени? Дознајте сега со нас што ви подготвуваат ѕвездите за месец декември!

Овен: тензии во врската
Месец декември ќе донесе уште некои сентиментални проблеми на вашиот знак: долгиот неповолен премин на Венера во знакот Јарец генерира конфликти и напнатост во вашиот љубовен живот, особено во врските. Од професионална гледна точка, сепак, можете да сметате на наклонетоста на Меркур до 13.ти декември. Во втората половина од месецот ќе биде потешко да добиете повратни информации и признанија. Марс конечно се враќа во поволна позиција и ви помага да ја вратите енергијата.

Бик: се подобрува ситуацијата!
Конечно стигнавме до последниот месец од многу напорната година за вашиот знак! Декември носи целокупно подобрување: почнувајќи од 13-тиот ден, планетата Марс повеќе нема да биде во опозиција и, малку по малку, ќе почнете да чувствувате ослободување од стресот, кој силно го чувствувавте во последниот период. Понатаму, почнувајќи од крајот на месецот и Јупитер ќе ви се врати да ви се насмевне, ветувајќи одлични резултати на работното место во следните месеци. Поволната Венера гарантира среќа во љубовта.

Близнаци: дејствувајте веднаш!
За жал, месец декември се отвора со спротивставување на Меркур и завршува со опозиција на Марс и влегувањето на Јупитер во „непријателскиот“ знак Риби… 2022 година ќе се отвори со уште некои потешкотии во контекст на работата, па – ако има услови да го направите тоа – не губете време и дејствувајте веднаш! Втората половина од месецот ќе биде доста стресна, особено од физички аспект, па дури и областа на чувствата ќе стане засегната.

Рак: напнатост!
Месец декември ќе донесе дополнителна напнатост за вашиот знак, како во канцеларијата, така и во семејството. Спротивставувањето на Венера ќе се почувствува, ставајќи ги во криза дури и најафирмираните парови. На работа, сепак, пред се втората половина од месецот ќе ви донесе уште некои компликации, поради противењето на Меркур. За среќа, почнувајќи од 29-тиот ден, планетата Јупитер ќе биде активна во ваша корист, гарантирајќи ви голем успех во месеците што следат.

Лав: кон нов почеток!
Малку повеќе трпение и еве сме: од 29-тиот ден, планетата Јупитер повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! 2022 година ќе биде година на закрепнување, особено од професионална гледна точка: можете да тргнете по нови патишта или конечно да направите промена во вашиот работен век по кризата во 2021. Од средината на декември и Марс ќе се врати да ви се насмевне, давајќи ви нова енергија и ќе ви помага да заборавите на стресот.

Девица: хармонична врска 
Обидете се да го искористите максимумот од овој месец декември, особено од професионален аспект: почнувајќи од крајот на месецот, всушност, планетата Јупитер ќе влезе во опозиција и во првиот дел од 2022 година ќе биде подобро да не ризикувате на работното место. Поволната Венера за цел месец гарантира стабилност и хармонија на вашата врска. Малку повеќе замор ќе чувствувате почнувајќи од 13-тиот ден, поради неповолниот транзит на Марс.

Вага: љубовни проблеми…
Декември најверојатно ќе биде доста тежок за вашиот знак од гледна точка на чувства. Венера, всушност, го продолжува својот неповолен транзит, подготвена да предизвика кавги и недоразбирања во вашиот љубовен живот. Од професионална гледна точка, подобро е да се вложите во првиот дел од месецот, кога можете да сметате на убав поволен Меркур. Марс станува активен во ваша корист почнувајќи од 13-тиот ден, подготвен да ви даде добра енергија.

Шкорпија: месец на сила!
Декември ќе биде месец на голема сила за вашиот знак, кој ќе може да смета на поддршката од Марс до 13-тиот ден: оваа планета ќе ви даде голема сила и енергија! Венера, исто така поволна цел месец, ќе ви донесе среќа во однос на чувствата, а ќе работи во полза дури и за слободните кои лесно ќе се сретнат со некоја посебна личност. Работата ќе биде фаворизирана во втората половина на месецот и, почнувајќи од 29-тиот ден, Јупитер исто така ќе ви се насмее, гарантирајќи ви прекрасен почеток на 2022 година!

Стрелец: среќен месец!
Декември ќе биде месец за паметење за вашиот знак, кој може да смета на различни сојузници: на Сонцето, на Меркур до 13-ти ден и на Марс од 13.декември па натаму. Ќе биде особено среќен период на работа: доаѓаат нови можности што не можете да ги пропуштите! Не одложувајте ништо до јануари: за жал, почнувајќи од 29-тиот ден, планетата Јупитер повеќе нема да биде во поволна положба и може да наидете на уште некои пречки.

Јарец: одлично!
Месец декември ќе биде многу среќен за вашиот знак! Поддршката од Венера продолжува за вас, што гарантира сила и цврстина на вашата врска. Време е да донесете важни одлуки за иднината! Меркур исто така ќе дојде во конјукција почнувајќи од 13-тиот ден: ќе пристигнат нови можности на работното поле, кои ќе бидат уште повеќе фаворизирани почнувајќи од 29-тиот ден, кога планетата Јупитер повторно ќе се активира во ваша корист.

Водолија: ве следи среќа!
До 29-ти ден сè уште ќе можете да сметате на поддршката на планетата Јупитер – планета на среќата, која во последната година донесе прекрасни револуции во вашиот живот заедно со Сатурн. Не чекајте да помине тој датум за да донесете важна одлука во врска со вашата иднина. Почнувајќи од 13-тиот ден, се враќа убава енергија благодарение на планетата Марс. Можностите на деловен план искористете ги во првиот дел од месецот.

Риби: кон успехот!
Конечно овој месец ќе можете да го поздравите влегувањето на Јупитер во вашиот знак! Во реалноста, ќе треба да почекате до 29-тиот ден, но тоа ќе биде добро чекање, кое во наредните месеци ќе ви донесе многу вкусни можности и голем успех на работното место! Планетата Венера од своја страна ќе биде поволна цел месец, подготвена да ви подари моменти на голема романса, за паметење. Единствената негатативна забелешка: Марс, кој ќе ве натера да се чувствувате малку поуморни во втората половина од месецот.

Слични објави

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо
Се вчитува....