18.8 C
Скопје
01:35 - 27 јули, 2024

Конфликтите се неизбежни: Кои со кои хороскопски знаци никогаш нема да се разберат!

кавгаџија

Според астролозите атмосферата во тимот зависи од вработените, односно кои со какви хороскопски знаци соработува. Добро е ако сте опкружени со луѓе кои се компатибилни од астролошка гледна точка, но многу е лошо кога во близина има такви со кои дефинитивно нема да можете да работите заедно.

Погледнете го нашиот хороскоп за да дознаете со кој хороскопски знак дефинитивно не треба да преземете заеднички проект.

Овен наспроти рак

Овенот сака да се рафрла со идеи и да предлага ризични проекти, кои секој рак кој се почитува себеси не може да ги поднесе. „Колку побавно одите, толку подалеку ќе стигнете“ – ова е главниот животен принцип на секој просечен рак, што е сосема спротивно на ставовите на колегата.

Овните сакаат прво да скокнат, па да кажат оп, односно прво нешто да направат (импулсивно), а дури потоа да размислуваат за тоа. Обожаваат какви било авантури и не се многу загрижени за последиците што произлегуваат од опасните постапки. Длабоко во себе им се смеат на претпазливите ракови, кои секогаш одат внимателно по патот и се плашат од импулсивност и избрзаност.

Во овој деловен сојуз, овенот секогаш врши притисок врз ракот, доведувајќи го вториот до ѕид. За возврат, раковите почнуваат да изневеруваат, да манипулираат и да се жалат на својот партнер, кој на него делува како црвена марама за разгневен бик.

Бик наспроти близнаци

Точните и одговорни бикови никогаш нема да работат добро со близнаците, кои не поднесуваат правила и ред. Во оваа деловна двојка секогаш ќе владее тензија и споровите ќе се разгоруваат.

Наскоро, бикот ќе почне жестоко да се иритира од навиката на близнаците постојано да ги будат за закажаниот утрински состанок или да делат мегакреативни предлози за проектот што ќе им паднат на ум во три часот наутро. За возврат, близнаците ќе бидат изненадени од тоа колку бикот е тврдоглав, конзервативен и нефлексибилен.

Лав наспроти Јарец
Овој деловен тандем може безбедно да се опише со концизната фраза „најдов режа на камен“. Во овој случај, лавот и јарецот ќе направат се за да уништат голем проект од чиста тврдоглавост и желба да добијат превласт.

Кралски расположениот лав е навикнат да дава наредби и да командува, но наеднаш тивкиот и навидум скромен јарец ќе ги покаже своите „рогови“. Излегува дека тој е газда овде и никој друг, па затоа лавот треба да си ја симне круната и да почне да ја работи работата на обичните смртници.

Невозможно е лавот и јарецот да се согласуваат не само во канцеларискиот простор, туку и на нивната лична територија, бидејќи и двајцата се тврдоглави, лидери и прилично сложени луѓе. Никој овде нема да попушти на другиот, влегувајќи во конфликт за правото да биде прв.

Девица наспроти стрелец

На работа, како и дома, девиците секогаш наликуваат на училишни учители кои се обидуваат да ги укорат немирните ученици. За нив, главниот „силеџија во класот“ секогаш излегува дека е стрелецот.

Тоа е затоа што девицата ја цени практичноста и сериозниот пристап во сè, па огнениот знак со своите идеи и фрази „денес не сум расположен за работа“ ќе предизвика силни чувства кај неа. И стрелецот има сто и една причина да се нервира со девиците. Прво, тие мразат рутина и сакаат флексибилни работни распореди. Второ, стрелецот не сака ред и правила, кои девиците едноставно ги обожаваат. Трето, здодевните и банални идеи на девицата го втурнуваат огнениот знак во меланхолија и депресија, и така натаму на листата…

Ако сте стрелец, држете се што подалеку од девиците во канцеларија, а ако сте девица, подобро е да работите сами!

Вага наспроти шкорпија

Вагите бараат компромиси, а скорпиите се подготвени да „запалат“ се што ќе им се најде на патот, но и луѓето кои им пружаат отпор. Вагите покажуваат благост, додека скорпиите покажуваат железен стисок. Дефинитивно не е можно два толку различни знаци по темперамент да работат заедно, без разлика колку и да се трудат. За сите ваквата соработка ќе биде вистинска морална тортура.

Скорпијата ќе почне да биде ужасно иритирана од ставот на вагата „слушајте ама направете сè на свој начин“, а самите ваги ќе бидат исфрлени од рамнотежа поради агресивноста на скорпијата. Овие колеги можат да соработуваат само во екстремни случаи: ако сите останати се на боледување, на одмор или на породилно.

Водолија наспорти риби

Ако сте Водолија и се најдете покрај риби повеќе од два дена на работниот простор, тогаш на третиот ден ќе побегнете. Овие знаци се некомпатибилни и во секојдневниот живот, а уште повеќе во канцеларија.

Од првата секунда, водолијата ќе почне да се заморува од навиката на рибите да ја префрлаат целата одговорност на нивни раменици и да се преправаат дека се тивки. Згора на тоа, многу наскоро рибите ќе спочнат да ја мачат водолијата со еден куп лични барања. Вторите, навикнати да се потпираат само на себе, ќе збеснат и ќе се обидат да се објаснуваат со дрскиот колега, но нема да имаат таква среќа да се дообјаснат ниту да се разберат! Ќе слушнете дека сте бесчувствителна и многу гневна личност затоа што не сакате да им помогнете на кутрите риби.

Што се однесува до самите риби, тие ќе бидат многу незадоволни бидејќи нема да успеат да ја променат ниту да ја омекнат водолијата. Како резултат на тоа, овие знаци не само што ќе се заколнат дека никогаш во животот веќе нема да соработуваат, туку и ако се сретнат на улица ќе држат растојание од пет метри.

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....